7.8 C
Скопје
22:51 - 1 април, 2026

Медведев: САД, НАТО и ЕУ не сакаат конечен прекин на односите со Русија, „Сите се многу уморни од украинските власти, особно од невротичниот Зеленски“

Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека САД, НАТО и Европската унија (ЕУ) не сакаат конечен раскин со Русија, бидејќи тоа е пат кон трета светска војна. Медведев својот став го напиша на својот канал Телеграм.

Тој вели дека тие се обидуваат Киев да го втурнат кон преговори.

Според Медведев, „несмасните обиди“ да се обвини Русија за инцидентот со проектилите што паднаа во Полска, никој не ги прифатил и тоа е „важен симптом“.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност во својата порака изрази и мислење дека на украинскиот претседател Володимир Зеленски не му требаат преговори, бидејќи тие се опасни за него.

Политичарот рече и дека сите се многу уморни од украинските власти, а особено од „невротичниот Зеленски“.

Слични објави

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.
Се вчитува....