20.8 C
Скопје
16:07 - 12 март, 2026

(Фото) Марија Микиќ по вторпат стана мајка: Пејачката забремени еден месец по раѓањето на првото дете

Познатата српска пејачка, Марија Микиќ по неполна година од раѓањето на првото дете, по вторпат стана мајка. Пејачката беше главна тема во српските медиуми откако се дозна дека останала бремена само еден месец по породувањето со првото дете, а сега нејзиниот вереник ги објави првите фотки од наследникот.

По долга борба за потомство и три спонтани абортуси, минатата година во јуни Марија и нејзиниот партнер Јован Пантиќ ја добија ќерката Ѓурѓа, а од вчера семејството стана побогато за уште еден член. Марија на свет донесе здраво момче кое го доби името Милија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovan Pantic (@jokarica89)


Среќниот татко, кој има уште еден син од претходна врска, ги објави првите фотографии од бебето, и се огласи на Инстаграм:

– Станав татко на уште едно момче. Ти благодарам храбра моја. Ти благодарам насмеана моја. Ти благодарам добра моја. Ти благодарам девојче мое.Ти благодарам што децата и семејството ти се пред сѐ. Немам зборови за да ти се заблагодарам колку што ти заслужуваш и никој не е повеќе нечиј колку што си ти моја, а јас твој. И понатаму сум повеќе твој, отколку свој! Старееме! Те сакам! – напиша Јован.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovan Pantic (@jokarica89)


Иако ова е среќна вест за нивните семејства поради вчерашната трагедија прославата за раѓањето на Милија ќе биде интимна.

– Сакам да им се обратам на моите пријатели. Заради вчерашната трагедија која ја снајде нашата Србија и од почит кон децата и семејствата кои ја доживеаја синоќешната трагедија, немам сила за никаква прослава како што инаку беше планирано, но ќе славиме во кругот на најблиските семејството. Ви благодариме за разбирањето – напиша партнерот на пејачката.

Слични објави

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо

Ѓани итно хоспитализиран! Српскиот фолкер е примен на ВМА, соопшто неговата сопруга

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром: „Не е тој поинаков, ние сме“

Еспресо

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо
Се вчитува....