18:10 - 1 ноември, 2026

Се породи Марго Роби: „Барби“ го доби своето прво дете

Австралиската актерка Марго Роби и нејзиниот сопруг, продуцентот Том Акерли, станаа родители. Странските медиуми тврдат дека парот добил момче, кое се родило на 17 октомври, пишува „Дејли мејл“.

Ова е прво дете за актерката и нејзиниот сопруг, продуцентот Том Акерли. Веста за нејзината бременост се појави на почетокот на јули. Набргу потоа, парот беше виден на Вимблдон, а актерката тогаш за првпат го покажа трудничкиот стомак.

Да потсетиме, парот се запозна во 2014 година додека работеше на филмот „Suite Française“, а две години подоцна тајно се венчаа во Австралија. Приватниот живот го држат подалеку од очите на јавноста, а заедно почнаа да се појавуваат дури за време на прес-турнејата за објавувањето на филмот „Барби“, во кој Марго ја игра главната улога.

Иако Том не е актер, тој работи во филмската индустрија. Кариерата ја започна како продукциски асистент. Пред тоа, тој се појави како статист во првите три филмови за Хари Потер. Кога првпат се сретнаа на снимање во 2013 година, Марго ја играше Селин додека Том беше зад камерата како асистент режисер.

Слични објави

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.
Се вчитува....