10.8 C
Скопје
22:54 - 3 април, 2026

Макрон секогаш гледа Евровизија: „Претседателот побара дискфалификација на Манескин“

Стефан Берн, коментатор за Франција на последното издание на Еврвовизија, откри дека добил порака и од Макрон: „Направи нешто, те молам“, ми напиша. Се сеќавам дека веднаш настана голем хаос. Добив многу пораки на мојот мобилен телефон кои ми кажаа дека Манескин мора да бидат дисквалификувани…“

фото-Фејсбук

Францускиот претседател Емануел Макрон побарал на минатото издание на Евровизија (2021, кое се одржа во Ротердам) да ги дисквалификуваат Манескин. Позадината беше обелоденета во напис на Би-Би-Си, кој ја следи контроверзноста од пред една година, кога Франција го обвини Дамијано Дејвид дека шмрка кокаин „во живо“ на Евровизија односно на телевизискиот пренос.Обвинение кое експлодира на социјалните мрежи додека водеа во рангирањето, пред исходот од телевоутингот.

Обвинувањата завршија „во вакуум“ по формалната истрага на ЕБУ со пејачкот кој беше негативен на допинг тестот.

Стефан Берн, коментатор за Франција на последното издание, откри дека и тој добил порака од Макрон во клучниот момент: „Направи нешто, те молам“, ми напиша. Се сеќавам дека веднаш настана голем хаос. Добив толку многу пораки на мојот мобилен телефон кои ми кажуваа дека Манескин мора да бидат дисквалификувани, повикувајќи ме да направам нешто.“ Не само тоа, бил повикан и од тогашниот министер за европски прашања кој престојуваше во Ротердам: „Што да правиме? Што треба да правиме? Те молам направи нешто“.

„Но, што можев да направам? Не бев јас тој што управуваше. И јас сигурно не сум претседател на Евровизија“, објаснува коментаторот за Би-Би-Си, а пренесува „ил фато кватодиано“.

Ова пак, ја откри големата страст на Макрон за европскиот настан: „Секогаш гледа Евровизија. Тоа е многу патриотска работа. (…) Она што сигурно нема да го заборавам е дека од мене беше побарано да го прекинам натпреварот по налог на претседателот Макрон“, заклучи Берн. Вест која францускиот претседател не ја коментираше ниту демантираше.

 

Слични објави

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо
Се вчитува....