11.8 C
Скопје
04:01 - 3 мај, 2024

МАКЕДОНИЈА НА 69. МЕСТО: Најдобро и најлошо подготвени земји за пандемија

Дали искуството кое го стекнавме со ковид пандемијата ќе ни помогне во следната пандемија? Веројатно, не.

Ковид пандемијата требаше да нè научи како да управуваме со здравствена вонредна состојба, но според GHS Индексот (индекс на здравствена безбедност) светот не е подготвен за уште една пандемија.

Светот сè уште не е подготвен за следната пандемија: тоа го покажуваат резултатите од Индексот за глобална здравствена безбедност (GHS) за 2021 година, извештај кој доделува оценка на 195 држави во светот врз основа на нивната способност да реагираат на епидемии и пандемии .

Од 2019 година, кога беше објавен првиот GHS индекс, ништо не се промени: од 40,2 од 100 оценки, глобалниот просек падна на 38,9. Ако избие нова пандемија, нема да бидеме поспремни отколку што бевме во 2019 година, и покрај искуството што требаше да го стекнеме со Ковид.

Во рангирањето претставено во извештајот во кој се анализирани различни фактори, како што се здравствениот систем, логистиката, инфраструктурата и довербата на граѓаните во владата, Македонија се најде на 69 место од 195 земји, со 42,2 поени од 100. За споредба со соседните и земји како и земјите од поранешна Југославија, соседна Србија се најде на 59.место со 45 поени, Хрватска на 48 место со 48,8 поени, додека Словенија – на високото 6 место со 67.8 поени. Црна Гора е рангирана на 62 место, Босна и Херцеговина на 96 место, соседна Грција на 42 место, а Бугарија на 20 место.

фото скринпринт

Соединетите Американски Држави водат на светската ранг-листа со 75,9 поени, а потоа следат Австралија (71,1) и Финска (70,9). На дното на листата пак, се Сомалија, Јемен и Северна Кореја, со 16 поени.

„Како е можно САД да се на прво место?“, прашува Езекиел Ј. Емануел, биоетичар од Универзитетот во Пенсилванија, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на рангирањето. Џенифер Нуцо, една од авторите на извештајот, сепак, појаснува дека „да се има алатки не значи дека тие и се користат“ и дека извештајот само ги истакнува ресурсите достапни за секоја земја, без да предвиди дали тие ќе бидат искористени или не за време на „здравствена итност“.

Покрај потребата да се стави здравствената безбедност на прво место со учење од грешките, авторите потсетуваат на важноста на другите елементи, како што е способноста да се управува со економското и социјалното влијание на здравствената криза: „Не е само да се биде подготвен за пандемија од здравствена гледна точка, туку важно е и да знаете како да управувате со економијата за време на продолжена криза“, заклучува Нахид Баделија, во написот за италијанскиот научен неделник Фокус.

 

 

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....