11.8 C
Скопје
19:30 - 3 април, 2026

Мајмунски сипаници: Сан Франциско прогласува вонредна состојба, регистриран дури 261 случај

Само во градот се регистрирани 261 случај од 4.600 во САД

Сан Франциско објави вонредна состојба поради зголемениот број случаи на мајмунски сипаници во градот и недостигот на вакцини низ целата земја, пишува Гардијан. Ова ќе им овозможи на локалните власти да мобилизираат повеќе ресурси и персонал за да се справат со појавата и да го забрзаат планирањето за итни случаи.

Градот досега има регистрирано 261 случај, од околу 4.600 во САД, според Одделот за јавно здравје во Сан Франциско.

„Сан Франциско е епицентар за земјата. 30% од сите случаи во Калифорнија се во Сан Франциско, “, рече Сузан Филип, здравствен службеник во градот.

Во криза која досега несразмерно ги погодуваше мажите кои имаат секс со мажи, таа додаде: „Ја издавам оваа изјава за да ја потврдам нашата посветеност на благосостојбата на овие заедници и да овозможиме побрзо да се движиме кон добивање и дистрибуција на ресурсите неопходни за да им се помогне на оние кои биле несразмерно погодени од вирусот“.

Слични објави

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо
Се вчитува....