18:21 - 11 ноември, 2026

МАДОНА направи „чистка“ во животот: По раскинувањето со Аламалик, ја продава вилата на спомени за 26 милиони долари!

Се продава вилата на Мадона во Лос Анџелес: 26 милиони долари за имотот со спа и кошаркарски терен.

Мадона со зголемена продажна цена ја стави на продажба вилата во Лос Анџелес која ја купи пред само една година од раперот The Weeknd.

Вилата на Мадона во Лос Анџелес е на продажба. Самата вест не изгледа особено интересна да не беше тоа што познатата поп ѕвезда го купи овој имот пред само една година од канадскиот пејач The Weeknd за 19,3 милиони долари и сега ја стави на продажба по премија од 26 милиони долари.

Луксузната вила вклучува базен со неверојатен поглед, спа центар за десет лица, кошаркарско игралиште огромна градина во Хајден Хилс, еден од најексклузивните паркови во Калифорнија.

Вилата на Мадона се простира на површина од 3 хектари и е изградена во 2017 година како комплекс од објекти во стилот на одморалиште со голем „бесконечен“ базен во центарот и огромна градина.

Нема многу фотографии од актуелните ентериери за да се види колку поп-ѕвездата ја редизајнирала куќата што минатата година ја купи од The Weeknd и да го оправда поскапувањето од 6,7 милиони долари. Сè што знаеме е дека старата штала на имотот е претворена во теретана со студио за пилатес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Home Finest (@homefinest)

Слични објави

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.
Се вчитува....