13.8 C
Скопје
20:10 - 20 октомври, 2026

Луис Капалди, Стормзи и Мејбел освоија „Брит“ награди: Били Ајлиш за првпат ја изведе „No time to die“ во живо! (ВИДЕО)

EPA

Доделувањето на престижните Британски музички награди „Брит“ се одржа синоќа по 40-ти пат, а иако никој не го повтори успехот на Били Ајлиш од доделувањето на Греми наградите, раперите Стормзи и Дејв, како и пејачите Луис Капалди и Мејбел успеаја да се профилираат како ѕвезди на вечерта.

Церемонијата, третпат по ред, ја водеше комичарот Џејт Вајтхол.

Првата награда ја однесе раперот Стормзи, победувајќи ги Хари Стајлс, Луис Капалди и Дејв во категоријата за најдобар соло уметник.

Англиската пејачка Мејбел ги отвори Брит наградите со својот живописен настап и песната „Don’t call me up“, а потоа ја однесе наградата за најдобра соло уметничка.

За најдобар млад уметник е прогласен Луис Капалди (23), кој на сцената се појави со шише пиво во рака.

Младата музичка ѕвезда, 18-годишната Били Ајлиш, ја однесе наградата за најдобра интернационална музичарка, а воедно и за првпат имаше прилика во живо да ја изведе насловната нумера за новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд – „No time to die“.

– Морам да ви кажам нешто што ми текна вечерва. Неодамна се сетив дека многумина ме мразат, а кога се искачив на сцената и ве видов сите вас како ме гледате со насмевка, тоа ме наведе на солзи и чувствувам дека сега би можела да заплачам. Така што, ви благодарам – изјави Били во својот емотивен говор.

Иако се враќаат дома со празни раце, посебно внимание на церемонијата на доделувањето на наградите привлекоа Хари Стајлс и Лизо со своите настапи, а како изгледаше тоа можете да погледнете на следните снимки… 

Слични објави

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо

Глумеше од душа и донесе милиони насмевки, а почина заборавен од сите: Пред 23 години нè напушти легендарниот Чкаља

Еспресо

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.
Се вчитува....