4.8 C
Скопје
03:22 - 21 декември, 2024

Љубовниот живот на Оскар Вајлд, од прочуени сексуални скандали до венерични болести и млади партнери

Оскар Вајлд е роден во ексцентрично семејство, татко му бил доктор и археолог, бил многу успешен во сè, а добро му одело и како женкар, па покрај законските деца имал и неколку вонбрачни. Главно бил во пијана состојба. Меѓутоа, мајката на Оскар била уште почудна. Пишувала поезија, била страсен националист и бидејќи пред да се роди Оскар многу сакала женско дете, го облекувала во женска облека. Косата му ја собирала во кикички и доколку Оскар не бил толку крупно дете, што веќе преправањето било напразно, не се знае колку долго мајка му ќе правела од него ќерка.

Profimedia

Подоцна, таа конечно родила ќерка и така Оскар се спасил од фустаните и сукњичките. Освен помладата сестра, Оскар Вајлд имал и две години постар брат, Вилијем.

“A gentleman is someone who never hurts anyone's feelings unintentionally.” ~ Oscar Wilde

Publiée par Oscar Wilde sur Mercredi 16 août 2017

Го напуштил родниот Даблин и се запишал на студии во Оксфорд. Тука покажал единствен стил на однесување и облекување. По школувањето заминал за Лондон каде бргу станал омилен во високите друштва. Бил многу баран на забавите, а бил и фантастичен говорник. Вајлд живеел од пишување написи за уметноста и критики, како и од предавањата кои ги држел во Англија и Америка. Почнал да пишува комедии и со нив постигнал огромен успех. Уште поголема слава постигнал со романот „Портретот на Доријан Греј“. Пропаста на Валјд во животот станала најпрочуена приказна за уништување на еден голем талент, а за тој пад заслужни се неговите сексуални склоности.

"Do you know, Gertrude, I don't mind your talking morailty a bit. Morality is simply the attitude we adopt towards…

Publiée par Oscar Wilde sur Samedi 8 octobre 2016

Во младоста бил хетеросексуален. Самата помисла на хомесексуалност го шокирала. Една од неговите први љубови била Флора Балкум. Тогаш тој имал 21 година, а срцето му го скршила кога одлучила да се омажи за Брам Стокер, писателот на „Дракула“. Освен регуларни младешки љубови и афери, Оскар користел и услуги од проститутки. Во 1884 година во Лондон се оженил со Констанса Лојд со која имал два сина, Сирил и Вивијан. За меден месец отпатувале во Париз и имале „луди денови“. Првите неколку години Оскар и Констанса биле во голема љубов. Приказната како Вајлд поминал од хетеросексуалност на хомосексуалност не е јасна. Една приказна вели дека додека бил на студии се заразил со сифилис. Пред да стапи во брак, успеал да се излечи, но подоцна болеста повторно се вратила и оттогаш престанал да има односи со жена му.

"There is one thing infinitely more pathetic than to have lost the woman one is in love with, and that is to have won her and found out how shallow she is!" — Oscar Wilde

Publiée par Oscar Wilde sur Lundi 6 juin 2016

Било како било, Оскар Вајлд развил интерес за момчиња. Своето прво момче, 17-годишниот Роби Рос, го запознал кога имал 32 години. Роби до крајот на животот му останал најдобар пријател. Но, вистинска љубов Оскар имал со 22-годишниот лорд Алфред Даглас, наречен Боси. Вајлд тогаш бил 16 години постар од лордот. Алфред бил поет, неверојатно згоден, страствен, и бил опкружен со луксуз. Подоцна Боси рекол дека сексуалните односи меѓу нив биле минимални, зборувал дека го избегнувал Оскар дури и по шест месеци, а имале само орален секс. Алфред сакал да биде доминантен во врската, а со Вајлд тоа било неизводливо.

Оскар и Алфред
Profimedia

Заедно биле во Алжир каде што се забавувале со млади момчиња и уште на таа екскурзија го запознале младиот писател Андре Жид кој се обидувал да не ја прифати својата хомосексуалност. Откако го однеле во хомосексуална бања каде момчињата танцувале на звукот на ориенталната музика, Оскар го прашал

– Мили, дали сакаш млад музичар?

И така врската почнала. Во меѓувреме, Боси средувал работа како да побегне со едно младо момче кого го откупил од неговото семејство, но овој го оставил и побегнал со девојка.

"One should either be a work of art, or wear a work of art." — Oscar Wilde

Publiée par Oscar Wilde sur Dimanche 15 mai 2016

Маркизот од Квинсбери го обвинил Оскар дека му го завел синот. Вајлд со поддршка од Боси го тужел маркизот очекувајќи дека лесно ќе победи на суд. Но, бил уапсен во рок од месец дена откако не ги послушал советите од пријателите да ја напушти земјата. Судијата го осудил Вајлд за недолично однесување и му изрекол многу тешка казна – две години робија. Затворските услови во тогашна Англија биле сурови и Оскар Вајлд доживеал длабока психичка криза. Така, сите му го завртиле грбот, освен неговиот пријател Боси. Во затворот, сепак, ја напишал книгата „De Profundis“, во која го обвинува Боси за сопствената пропаст.

"From your silken hair to your delicate feet you are perfection to me. Pleasure hides love from us, but pain reveals it in its essence."– Oscar Wilde in a letter to Lord Alfred Douglas (20 May 1895)

Publiée par Oscar Wilde sur Jeudi 21 avril 2016

Поради сите овие скандали, семејството на Вајлд емигрирало во Швајцарија и таму живееле под презимето Холанд. По излегувањето од робија, руиниран и протеран, Оскар Вајлд се преселил во Париз, па во Италија, каде што живеел под името Себастијан Мелмот. И семејството на Оскар, како и семејството на Боси, се обидувале двајцата да ги држат оддалечени еден од друг, но во тоа не успеале. Во последните три години на животот на Вајлд,  често се гледале, ама и се дружеле со млади момчиња.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....