Пејачката Наташа Беквалац приреди спектакл за денот на вљубените во „Штарк“ арената во Белград и ја наполни до последно место.
Српската пејачка пред концертот за порталот „Мондо“ изјави дека не би правела уште еден таков концерт, бидејќи „нејзиното срце не би издржало“.
Наташа изјавила дека од стрес и напорни подготовки добла температура, но дека регионот ќе има прилика да го види нејзиното шоу.
– Многу сум благодарна. Ете сакав сега да напишам нешто и повторно да се заблагодарам на се што доживеав изминатите неколку месеци во процесот на работа со генијалците. Но сè уште сум во некој шок, денеска добив температура од ова чуство кое е вредно за секоја жртва, секој товар, притисок, стрес, неизвесност, секоја расправија и нервен слом кои го доживеавме на дневно ниво поради концертот. Моето срце не можеше да издржи и втора арена, тоа го кажав, но постои идеја концертот да продолжи да живее регионално… Што мислите за тоа? Напишала Наташа..
Погледнете како беше на нејзиниот концерт: