20:38 - 2 септември, 2026

Лепа Брена на крајот на концертот даде важно соопштение: Се случи голема промена во нејзиниот тим!

Регионалната музичка ѕвезда, Лепа Брена, одржа концерт во Љубљана на 8 март пред преполната Арена Стожице.

Таа за Денот на жената подготви спектакуларна програма за публиката, сè обоено со емоции и со нејзините најголеми хитови од периодот на „Слатки грев“.

На самиот крај од концертот Брена му се заблагодари на целиот тим кој работел на овој проект, а потоа откри дека дел од тимот станал и нејзиниот помал син Виктор Живојиновиќ.

– Ја поздравувам целата екипа техничари и ВЈ. Го поздравувам новиот член на оваа одлична екипа, Виктор Живојиновиќ – соопштила Брена, после што следувал аплауз.

Инаку, Виктор Живојиновиќ ја придружува Брена на концертите од почетокот на музичката турнеја „Имам песна да ви пеам“ и работи на организацијата и визуелните ефекти, а сега и официјално станал дел од тимот на Брена.

Да потсетиме, на крајот на минатата 2024 година, на третиот концерт во Загреб, Лепа Брена се здоби со скршеница на ногата кога снимател падна врз неа, поради што беше принудена да се оперира и извесно време да ја прекине турнејата.

По речиси два месеци закрепнување, таа се врати на сцената и на задоволство на многумина продолжи да пее за својата публика.

Благодарение на физиотерапијата и напорното закрепнување, како и специјалните програми во Тајланд каде што се лекуваше, Брена собра сили да продолжи.

Меѓутоа, како што таа неодамна изјави, болката од третиот загрепски концерт сè уште не исчезнала целосно.

– Останувам со внатрешна болка која морам да ја исплачам. Тоа е нешто што го чувствувам и ќе морам да го споделам со светот, за да го извадам од себе – изјавила неодамна Лепа Брена.

 

Слични објави

(Фото) Ќе се изненадите кога ќе го видите таткото на Бојана Лазиќ: Изгледа како нејзин брат

apostolova

Драгана Мирковиќ за најтешкиот период во животот: „Не можев да се враќам дома, тоа беше пекол за мене“

Еспресо

(Фото) Девојката на Лазар Ристовски отишла „под нож“, еве како изгледа сега

Еспресо

(Фото) Ава Карабатиќ во прегратка на новиот пријател – покажа кој ја прави среќна сега

Еспресо

(Фото) „Станав родител“: Сергеј Трифуновиќ денес слави роденден, откри што му подари Исидора

Еспресо

Рада Манојловиќ проговори за тешкото детство на Милан Станковиќ

E.A.
Се вчитува....