20.8 C
Скопје
22:08 - 19 септември, 2026

Лепа Брена доби отштета: Поради скршената нога на концертот во Загреб ѝ исплатија 30.000 евра

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена кон средината на декември минатата година на концертот во Загреб го скрши зглобот, а како што пренесува српски „Курир“ поради таа повреда, пејачката успеала да ја наплати полисата за осигурување вредна 30.000 евра.

Брена води сметка за можности од повреди и поради тоа редовно го плаќа осигурувањето за да се заштити од несакани настани.

Осигурителната полиса главно штити од несреќи во текот на времето поминато на работа, како и за времето кое го поминувате на редовното патување од местото на живеење до работа.

Кога станува збор за Лепа Брена, тоа се концертите и настапите, на кои во минатото неколкупати имала повреди.

Брена се здобивала со полесни повреди, сè до 10 декември минатата година, кога ја скрши ногата, поради што веднаш по концертот во загрепската Арена беше оперирана во Загреб.

Благодарение на осигурувањето од незгоди, на Лепа Брена ѝ биле покриени сите трошоци поврзани со медицинската, односно лекарската помош.

– Брена многу се грижи за своето здравје, животот и околностите кои можат да доведат до повреди. Свесна е дека се случуваат повреди на работа и поради тоа со години плаќа осигурување. Ми се чини дека плаќа годишна премија од 1.000 евра и дека за сериозната повреда која ѝ се случи неодамна рефундираше 30.000 евра. Со тоа ги платила сите неопходни трошоци за операцијата, лековите и рехабилитацијата – рекол извор за српски „Курир“.

 

Слични објави

Александра Пријовиќ вели дека го откажала концертот поради болест, а на социјалните мрежи веднаш се појавија разни теории

Ц.Т.

Тажниот крај на Маргита Стефановиќ Маги, „црната принцеза“ на ЕКВ

Т.Ц.

(Фото) Вистинска оаза и луксуз – вака изгледа вилата на Едита Арадиновиќ каде што ќе живее со својата ќерка

Еспресо

Напиша 5 збора и доби 100.000 евра – oва е песната што ѝ донесе богатство на Марина Туцаковиќ

Еспресо

Харис Џиновиќ за провокативните фотографии на Џина: „Не треба да се фотографира како старлета“

Еспресо

Луксузната вила на Николина Пишек во Загреб има нов сопственик? Позната инфлуенсерка го покажа препознатливиот ентериер

Еспресо
Се вчитува....