11.8 C
Скопје
10:05 - 14 март, 2026

ЛЕЈДИ ГАГА повторно ја нападна Русија: „Требаше да ме уапсат, беа глупави“

Американската пејачка „протестира“ против рускиот режим  од 2012 година, а сега повторно го крена гласот за да испрати провокативни пораки до Кремљ.

Продолжуваат протестите против војната во Украина. Лејди Гага уште еднаш зазеде страна против Русија, осудувајќи ја инвазијата на Путин, а тоа го направи повикувајќи се на нејзиниот концерт пред десет години.

Лејди Гага долго време е против политиката на рускиот претседател Путин и никогаш не пропуштила можност да го покаже тоа. Било во 2012 година кога пејачката, за време на една од нејзините турнеи, излегла на сцената во Москва и ја искористила можноста отворено да ги оспори позициите на Кремљ кон LGBTQ+ заедницата. Во тоа време рекла:

„Ми рекоа „Гага кога ќе одиш во Русија може да те уапсат“. Реков „Уапсете ме!“. Не ми е гајле што велат луѓето. И ако си спремен да се откажеш од се за твојата слобода, дали ќе добиеш лисици поради слободата? Уапсете ме, Москва! Јас се викам Лејди Гага, имам 26 години, живеам во Менхетен, Њујорк и сигурна сум дека мажите и жените заслужуваат да се сакаат подеднакво. Уапсете ме Москва, не ми е гајле!“

Од една страна, порака за поддршка и почит за LGBTQ+ заедницата, која – според Гага – отсекогаш била угнетувана од режимот на Путин, од друга, крајно провокативна кон претседателот. Изјавата, сепак, не ја чинеше никаква одмазда од страна на Москва, освен обвинувањето следната година од страна на Кремљ дека приложила неважечка виза за влез во земјата.

Така, Лејди Гага, како што веќе направи на Твитер во 2013 година, за време на концертот во Лас Вегас повторно се обиде да го испровоцира Путин, прашувајќи го зошто не ја уапсил пред десет години.

„Требаше да ме уапсат во Русија кога имаа можност. Им реков да ми врзат лисици, се појавив таму со војниците. Тие беа глупави тој ден, а глупави се и денес“.

Слични објави

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо
Се вчитува....