16:54 - 7 април, 2026

Лејди Гага како инспирација: Инсект именуван по стилот на пејачката (ФОТО)

„Откачениот“ вид на бубачка со чуден полов орган и шилести рогови е наречен по поп-ѕвездата Лејди Гага.

Необичниот изглед на инсектот од Никарагва – Каикаиа гага – доби име по чудесните костими на пејачката, пренесува CNN.

Оваа бубачка се храни со билки, пробивајќи ги со клуновите и пиејќи го сокот. Тие исто така „пеат“ едни на други правејќи вибрации кои патуваат долж стеблата на билките.

Ентомологот Брендан Морис од Универзитетот во Илионис го нарече инсектот по Лејди Гага.

„Ако постои Лејди Гага бубачка, тогаш тоа ќе биде оваа, бидејќи и тие имаат луди рогови и интересен моден смисол за истите“, изјави тој.

„Тие не се слични на ништо што сте виделе досега“

„Сакам неверојатни форми и бои. Ме чуди што групата на инсекти која настанала отприлика 40 милиони години порано, има толку различни облици – различност. Дури би рекол дека ги надминува сите други семејства на инсекти“.

Слични објави

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо
Се вчитува....