04:45 - 14 ноември, 2026

Лавров за дијалогот со Киев: „За танго се потребни двајца, засега нашите западни партнери сами танцуваат брејкденс“

На заедничката прес-конференција меѓу министрите за надворешни работи на Русија и Турците, Лавров и Чавушоглу, која се одржа во Анкара, новинар на украинска национална телевизија, Муслим Умеров, се обидел да го изнервира Лавров со директно прашање упатено кон министерот: „Која друга украдена стока од Украина, освен пченица, продавате на пазарот?“. Одговорот на Лавров сепак, не бил нервозен: „Еве го мојот одговор: посветени сме на постигнување на целите кои беа јавно објавени: ослободување на источна Украина од притисокот на нацистичкиот режим“.

Лаворв не се „инервира“ ниту на санкциите од Киев против руското раководство, вклучувајќи го секако и Путин, а наметнати од украинскиот претседател Володимир Зеленски, за кои рече дека „се недостојни за каков било одмазднички чин од страна на Москва“, пренесува Тасс. „Мислам дека ова не е достојно за какви било конкретни чекори од наша страна“, објасни Лавров додавајќи „нека си играат децата, наместо да плачат“.

Во меѓувреме, Раи Новости пак, пренесува дека според Лавров, Москва сè уште е отворена за дијалог со Европската унија „но за танго потребни се двајца“ – како што нагласил московскиот министерот за надворешни работи. Лавров продолжува дека наместо танго „засега нашите западни партнери сами танцуваат брејкденс“.

 

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....