6.8 C
Скопје
19:12 - 19 февруари, 2026

Лара Иванова го има новиот летен хит: Пропуштам излегувања и забави поради балетот, но вреди

Еден од најголемите понови хитови ова лето е „Нека гори”, новата песна на младата и исклучително талентирана пејачка Лара Иванова.

Нејзиниот уникатен глас и талент го препозна и радио „Бубамара“, па на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ беше прогласена за најперспективна пејачка.

– Ова е моја 17-та песна по ред, вбројувајќи ги и верзиите на англиски јазик на три песни. Музиката, аранжманот и микс-мастерот се на Иван Јованов – Iwayo, а текстот е дело на Робин Зимбаков. Како што може да се забележи и од самиот наслов на песната, инспирација ни беа жешките летни денови, сонцето, плажите, летните забави“, ни изјави Лара.

Таа инаку заврши средно балетско училиште, и е пред упис на катедрата за балетска педагогија на Факултетот за музичка уметност. За разлика од многу нејзини врсници, Лара вели дека знае да пропушти вечерно излегување за да биде комплетно подготвена и сконцентрирана за балетските вежби или настапи.

– Доколку нешто се работи со многу љубов и посветеност, тогаш не би требало да е посебно тешко, но балетот секако бара голема подготовка, физички напор и дисциплина. Често знам и да пропуштам излегувања и забави до доцните ноќни часови. Јас немам некој посебен режим на исхрана, но редовно правам вежби за истегнување на телото. Сè уште не се започнати уписите на факултетите, но во план ми е да студирам балетска педагогија“, ни раскажа Иванова.

Како и секоја млада девојка, Лара има свои соништа, желби и идни планови.

-Моја огромна желба е самостоен концерт, а секако, во иднина би сакала да застанам на некоја голема светска сцена“, вели пејачката и балерина.

Интересна приказна е што сите мислат дека нејзин татко е текстописецот Робин Зимбаков, но таа вели дека тој ѝ е пријател и најголемата поддршка.

– Робин Зимбаков е моја најголема поддршка од самиот почеток на музичката кариера, ги има напишано најубавите текстови за моите песни и е наш семеен пријател. Моите родители се занимаваат со професии кои не се поврзани со музиката, но се многу музикални. Мајка ми, исто како мене, учела во основното музичко училиште и знае да свири на пијано, додека татко ми на помлади години свирел на бас-гитара во сопствен бенд. Па, најверојатно и јас сум наследила дел од нивниот музички талент“, вели Лара за своето семејство.

Еден од нејзините најголеми хитови е „Некогаш ќе помине“. Во последно време е актуелна верзијата на оваа песна која ја испеа со Каролина Гочева, на новогодишното ТВ шоу на Каролина каде што Лара беше дел од гостите.

 

Слични објави

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо
Се вчитува....