18.8 C
Скопје
12:12 - 21 октомври, 2026

(Фото) 13-та Национална смотра на извидниците, ви пренесуваме дел од атмосферата

На 13-та Средба на сојузот на извидниците на Македонија која заврши синоќа,  учествуваа преку 800 извидници( од кои повеќето од овој број беа од 16 земји од светот- САД,Италија,Франција, Изреал ,Ронанија,Србија,Хрватска ,Холандија….) ,присуствуваше и министерката за одбрана  на Македонија Славјанка Петровска.

Смотрата  ја отвори  претседателот  Стево Пендаровски кој  во своето обраќанје истакна  дека  “ со задоволство сум покровител на 13. Македонска извидничка смотра што годинава под мотото „Достигни ги височините“ се одржува во Крушево. Честитки до Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia за одличната организација на настанот, но и за 7 деценискиот континуиран придонес во промовирањето активизам и здрав живот кај младите.

Кампот  беше лоциран на Ски центарот во Крушево, а деновите на извидниците им  беа исполнети со едукација, совладување  на извиднички вештиини со изработка на ламби со батерија од соларни панели, правење водени бои од растенија, рециклирање хартија, запознавање на национален парк Галичица, одење на хајк за преживување, правење урда од млеко, месење пита, везење марами, вежбање народни ора и уште многу активности.

На завршната церемонија доминатни беа емоциите на младите скаути од разделбата со новостекнатите пријатели од десетдневното дружење но и аплаузите за организаторите, за главниот старешина на Смотрата – Лазар Апостолов и неговиот тим од СИМ и волонтерите.

Слични објави

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо

Работам од 11 години, почнав со миење садови и продавање сладолед: Популарниот Талат од „Преспав“ се потсети на првите работни искуства

Еспресо

(Видео) Наташа Малинкова позираше со ќерката Султана: „Ние сме близначки“

К.С.

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Петар Грашо за бракот со Хана Хуљиќ: „Имаме некој вид на душевен блутут“

Еспресо
Се вчитува....