-6.2 C
Скопје
01:28 - 22 февруари, 2025

КРИСТИЈАН ЛАЗАРЕВ: Читачот „Кико“ може да го олесни животот на лицата со оштетен вид!

Ве запознаваме со Кристијан Лазарев кој има целосно оштетен вид, но дипломирал на Филолошкиот факултет при УКИМ, а работи и како проект-асистент во здружението „Отворете ги прозорците”.

фото- приватна архива

Кристијан заедно со Ертај Шашко учествувале во изработка на гласот „Кико“, дел од дигиталната апликација – аудиочитач „Кико“, со која текстуалните содржини се претвораат во аудиосодржини, а се олеснува комуникацијата и функционирањето на слепите лица.

Животниот предизвик како лица со оштетен вид бил еден од мотивите на Кристијан Лазарев и Ертај Шашко да им овозможат на другите со ваква попреченост полесно да го почувствуваат духот на пишаниот збор и на книгата.

– Апликацијата Кико претставува еден дигитален софтвер, кај нас популарно се вика аудио читач, а во светски рамки се нарекува text to speach – апликација за текст во говор. Апликација или софтвер кој го претвара текстот во аудио звучна форма, и станува збор за дигитални текстови, дигитални содржини. – објаснува Кристијан.

Кристијан и Ертај биле ангажирани од избраната компанија како напредни корисници на читачи на екран за контрола на квалитетот на гласот „Кико“.

фото- приватна архива

Ние останавме последната држава од Балканот немајќи ваков аудио читач. Со Ертај се запознавме 2020 година, на 28 години го изгубил видот,  Ертај е инженер по информатички технологии. Кога се запознавме јас му кажав дека сум лингвист и двајцата заклучивме дека ова е нешто што можеме да го направиме. Оваа алатка е изготвена преку Министерството за труд и социјална политика, а заедно со УНДП и Националниот сојуз на слепи лица на Македонија, по најсовремени стандарди и со поддршка од експерти специјализирани за изработка на говорни синтези со искуство во неколку говорни подрачја. Апликацијата е бесплатна и достапна за мобилни телефони со „Андроид“, како и во десктоп-верзија за персонални компјутери, а ќе може да се користи без интернет-поддршка.- раскажува Кристијан.

И Кристијан и Ертај се од почеток во проектот за создавање на компјутерскиот глас „Кико“. За македонскиот јазик, „Кико“ е прв компјутерски глас, но сега откако ја имаат базата, се надеваат дека за брзо време ќе промовираат и нареден,а ќе направат и женски глас.

– Луѓето се уште не се свесни колкаво е значењето на оваа апликација. Употребата не е ограничена само за слепите лица, туку за сите, за лицата со дислексија, за оние кои имаат потешкотии во говор, за учениците и студентите. Потенцијалот е огромен и во следните 5 до 10 години, колку што е предвидено овој софтвер да е оперативен, може да се сменат животите на подобро на повеќе од половина милион луѓе и тоа само во нашата држава. – вели Кристијан.

Кристијан и Ерај се само двајца од многуте кои имаат оштетен вид. Но се двајца кои работат за да понудат реални и остварливи решенија за постоечките проблеми. Сите ние  мораме да работиме на развојот на повисока свест помеѓу луѓето за лицата со попреченост.

фото- приватна архива
фото- приватна архива
фото- приватна архива

Слични објави

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо

Ова се свекорот и свекрвата на Анастасија Ражнатовиќ: Таткото на Гудељ е моќно име во фудбалот!

Еспресо

Мајката на Дарко Лазиќ измамена! Се огласи жената на нејзиниот партнер Драган

Еспресо

(Фото) Николина Пишек направи драстична промена, луѓето не можат да престанат да зборуваат за тоа

Еспресо

Објавено видео од Милица Павловиќ по скандалот со Карлеуша! Таа ѝ зададе уште еден удар

Еспресо

Ѕвездата на серијата „Грдата Бети“ уапсен, давал отпор на полицијата

Еспресо
Се вчитува....