Таа се пошегува дека би било интересно да глуми со својот поранешен партнер, кој го игра ликот на Бетмен.
Кристен Стјуарт (29) одговорила дека би било „смешно“ таа да ја замени Зои Кравиц во новиот филм за Бетмен, пишува etonline.com.
Таа го одбила предлогот на обожавателите, бидејќи била „добра пријателка со Кравиц“, која ќе го игра ликот на жена-мачка.
Но, после тоа нагласила дека тоа би било кул. Таа ги открила своите симпатии спрема франшизата, нагласувајќи како е „огромна обожавателка на филмовите за маскираниот одмазник“.
Горда е на Роберт Патинсон, кој го игра главниот лик. Тие двајца беа во љубовна врска 4 години.
Но, на крајот рекла: „Едвај чекам да го гледам тој филм“.
Американската актерка моментално е зафатена со промоцијата и кампањата околу трилерот „Underwater“.
Кристен признала дека секојдневните снимања во подморничкото одело биле „мачни искуства“. Покрај се таа сака да снима акциони филмови, бидејќи ѝ овозможуваат нов предизвик и ја ставаат на тест за издржливост на сопствените способности.