23.8 C
Скопје
14:05 - 29 септември, 2026

Криптичната порака пред масакрот во Тексас: убиецот ѝ пишувал на непозната девојка пред пукањето

Убиецот кој направи масакр во основно училиште Тексас, работел во Вендис, синџир американски ресторани, во ресторан недалеку од местото на масакрот.

Неколку часа пред да го изврши масакрот во основното училиште во Увалде, Тексас, убиецот испратил криптична порака до непозната жена на Инстаграм во која напишал: „Штотуку ќе…“ – пренесуваат американските медиуми, подвлекувајќи дека на Инстаграм Салвадор Рамос бил познат како „Salv8dor_“.

принтскрин

На неговиот профил, блокиран веднаш штом беше објавено неговото име, тој објавил селфи и други фотографии од оружје, вклучително и една со две пушки една до друга.

Криптичната порака е испратена до непозната девојка која не живее во Тексас. Убиецот ја контактирал на 12 мај и ѝ рекол да ги „репостира“ фотографиите од пиштолите. На пораката „I’m about to …“, испратена во 5.43 часот во вторник, девојката одговорила со: „Што?“.

Убиецот ѝ одговорил: „Ќе ти кажам пред 11“.

Еден час подоцна повторно ѝ напишал: „Имам мала тајна што сакам да ти ја кажам“. Неговата последна порака до девојката била во 9.16 часот.

Убиецот наводно испратил и фотографии од оружје и муниција на поранешен негов соученик.

„Ми испрати фотографија од пушка АР-15 што ја користеше со муниција“, рекол соученикот, известувајќи и дека Рамос бил исмејуван од другите средношколци за облеката што ја носел и за финансиската состојба на неговото семејство.

принтскрин
принтскрин

Убиецот работел во Вендис, американски синџир ресторани со продавница недалеку од местото на масакрот. „Беше тивок, не зборуваше многу и не се дружеше со другите вработени“, рекол менаџерот на ресторанот, Адријан Мендес.

Слични објави

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо
Се вчитува....