8.8 C
Скопје
22:21 - 10 април, 2026

Кралицата Елизабета одлучи: Вилијам и Кејт го добија замокот Виндзор, принцот Ендру протеран во Шкотска, а Меган и Хари …

Кралицата Елизабета донесе одлука: Вилијам и Кејт, како највредни членови на кралското семејство, летово се селат во замокот Виндзор.

Принцот Ендру, обвинет за педофилија и подведување малолетнички, ќе биде „протеран“ во Шкотска.

А принцот Хари и Меган Маркл од кралицата добија само 15 минути официјална посета.

Со оглед на тоа што сепак ѝ е син, кралицата Елизабета имала тајни разговори со војводата од Јорк и високи членови на кралското семејство за тоа како може да му се помогне на принцот Ендру да ја врати добрата репутација далеку од очите на јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Од друга страна, кралицата при една од официјалните посети им посвети само 15 минути внимание на Хари и Меган. Тие во Англија останаа 4 дена, но посетата била „официјална“ и многу студена. Тоа и можеше да се очекува откако минатата година Меган и Хари го оцрнија кралското семејство во едно од најпознатите и најскандалозните интервјуа.

Се чини дека кралицата веќе одлучила дека ќе ја наследи принцот Чарлс, бидејќи се наведува дека тој ќе продолжи да живее и работи од Бакингемската палата.

Затоа, во замокот во Виндзор може слободно да се вселат Вилијам и Кејт со нивните деца.

Оваа одлука е донесена пред четириесеттиот роденден на Вилијам и претставува еден вид подарок од кралицата за нејзиниот внук, но принцот Вилијам се пошегува дека сето тоа е малку „застрашувачко“ за него.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....