01:52 - 2 април, 2026

КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ја краси насловната на ВОГ: Зошто токму таа и зошто стара фотографија?

Во текот на нејзиниот долг живот, кралицата Елизабета, се појавила на неколку насловни страници на престижни списанија. Но, изгледа дека ниту таа ни никој друг не помислил дека во зрелата старост од 96 години ќе ја освои насловната на модната Библија – Вог. Од друга страна, пак, знаеме: животот постојано ни приготвува изненадувања. Дури и за кралицата. Па така, за прв пат во историјата, на насловната страница на британски Вог ќе блесне токму Елизабета.

Кој знае како кралицата Елизабета реагирала кога дознала дека ќе ја краси априлската насловна страница на британскиот Вог, портретирана во црно-бело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Од списанието веста ја открија завчера на социјалните мрежи, откривајќи ја славната протагонистка на насловната страница на следниот број на списанието. Поводот, пак, е историски: во 2022 година кралицата го слави платинестиот јубилеј, односно 70 години од владеењето. Не само тоа: следниот 21 април таа ќе наполни 96 години.Има ли подобра прилика да се прослави една од легендите на британскиот свет?

Фотографијата избрана да и оддаде почит на кралицата Елизабета на насловната страница на британското издание на Vogue не е скорешна. Тоа е црно-бел портрет направен пред многу години. Направен е во 1957 година од фотографот Ентони Армстронг-Џонс, сопруг на принцезата Маргарет и зет на кралицата. Но, тој почина во 2017 година, па не може да го прослави историското објавување на неговата фотографија во модната библија.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....