7.8 C
Скопје
19:25 - 1 април, 2026

Коронавирусот прекинува концерти и турнеи: Мадона, Мајли Сајрус и Прл Џем откажуваат настапи

Големите музички ѕвезди како што се Мадона, Мајли Сајрус или славниот рок бенд Прл Џем, откажаа концерти поради ширењето на коронавирусот ширум светот, пренесува „Би-Би-Си“.

Мајли го откажа патот за Австралија, каде требаше да пее на еден хуманитарен концерт за австралиските шуми.

И двата концерти на Мадона во Париз се откажани по објавата дека се забрануваат сите големи настани и манифестации. Прл Џем ја откажаа својата турнеја по САД и Канада поради преголемиот ризик од вирусот.

Фото: Фејсбук

„Добивме извештај дека големите собири котираат високо на листата на она што треба да се избегнува во оваа глобална здравствена криза која почнува да влијае на животите на сите нас. Ризикот е преголем“, стои во соопштението на бендот.

Фестивалот Коачела во Калифорнија веројатно исто така ќе се одложи за во октомври, како и повеќето фестивали кои се закажни за пролет, а се очекува да се префрлат за есен.

Турнејата на Нил Јанг исто така е ово прекин, а „Kiss“ ги откажаа сите свирки.

Земјите како Кина, Јапонија и Јужна Кореја ги откажаа сите свои закажани концерти на неопределно време.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....