7.8 C
Скопје
21:12 - 31 март, 2026

КОМПИР ПОГАЧКИ: Многу брзо, лесно и превкусно крцкаво задоволство со мека внатрешност од варен компир

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи компир погачки. 

– Одлични се за прилог, појадок, вечера, ужинка или едноставно да ги изнауживате само нив. Потребни ви се само неколку состојки и околу 30тина минути за подготовка, вели Мартина.

 

Потребни состојки

Околу 300 гр варен компир + зачини
300 гр готови кори за баница/баклава
За прелив
1 шолја масло
1 шолја кисела вода
1 белка од јајце
За премачкување
1 шолчка од јајце
Сусам

ПОДГОТОВКА

Сварете го компирот, излупете го и изгмечете го, па зачинете.
За преливот измешајте ги сите состојки заедно.

Земајте по 3 кори меѓу кои ќе премачкате од преливот. Редете кора-прелив-кора-прелив-кора- прелив, па исечете на триаголници. На секој поширок крај ставете по околу 1 лажица од варениот компир.

Затворете ги од страните и извиткајте ги погачките. Редете ги на хартија за печење, премачкајте со жолчка и наросете сусам.

Печете ги околу 15-20 минути во загреана рерна на 180-200 С.

Инаку, наместо со компир може да ги филувате и со друго по желба. Пица фил, сиренце и слично.

Имајте убааав викенд!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....