8.8 C
Скопје
19:29 - 11 март, 2026

(Фото) „Колку повеќе цвеќиња во дворот, повеќе мир во душата“, Билјана Митрева ни ги отвора вратите на дворот во Велес

Билјана Митрева работи во приватна фирма за транспорт, а со градинарство се занимава од дете.

Љубовта кон цвеќињата – вели – ја наследила од нејзината баба.

– За уредување на нашето дворче одговорни сме цело семејство, јас, сопругот и нашата ќерка – ни објаснува Билјана и напоменува дека за многу брзо време, само четири години, од плац средиле сè.

Дворот е со површина од околу 300 метри квадратни и се наоѓа во Велес. Во него доминираат прунус спиноза, албиција, вистерија, ваигелија, хибискус, ловоров лист, индиски јоргован, јапонски џуџест јавор, а има и трендафили во сите бои и многу скуленти.

Секако, оваа убавина си бара голема посветеност.

– Секојдневно посветувам околу два часа во дворот – ни открива Билјана и додава – колку повеќе цвеќиња во дворот, повеќе мир во душата.

За оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со одгледување цвеќе, Билјана открива кои растенија бараат сонце.

– Ваигелиа, албиција, хибискус и летем чемпес бараат сонце.

Најголем предизвик за Билјана, но и за сите челнови на семејството, кога е во прашање дворот е одржување на тревникот кој треба да се коси секој четврти ден.

Инаку, Билјана е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија од дворот на Билјана во Велес.

Фото – приватна архива

„Од каде наоѓам коренчиња – веднаш ги засадувам“, Зојка Никова сама се грижи за преубавиот двор во Моноспитово

Слични објави

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova
Се вчитува....