16:53 - 1 април, 2026

Колку калциум е потребно да внесуваме во нашиот организам според возраста?

Калциумот е најзастапен минерал во човековото тело и има неколку важни функции. Повеќе од 99 отсто од вкупната содржина на калциумот се чува во коските и во забите каде што функционира за да обезбеди структура, а останатиот 1 отсто се наоѓа во крвта, мускулите, како флуид помеѓу клетките.

На прашањето дали доволно внесуваме калциум во нашето тело, научниците препорачуваат дневната доза на внесување калциум да изнесува 1.000 милиграми, за лица од 18-50 год. Што се однесува до лицата што ја навршиле педесеттата година од животот, препораката е 1.200 милиграми дневно. Калциумот е најмногу застапен во млекото, јогуртот, сирењето, а во големи количини е застапен и во житото, оризот, сојата, сусамот, лиснатиот зеленчук како што се спанаќот, брокулата, кељот, како и во лососот, сардината, морските плодови, бадемите.

Потребен внес на калциум според возраста дневно:

– Бебиња (0-6 месеци) – 210 мг
– Бебиња (7-12 месеци) – 270 мг
– Деца (1-3 години) – 500 мг
– Деца (4-8 години) – 800 мг
– Деца (9-18 години) – 1.300 мг
– Возрасни (19-50 години) – 1.000 мг
– Возрасни (51 година и нагоре) – 1.200 мг

 

Слични објави

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо
Се вчитува....