10.8 C
Скопје
13:09 - 19 февруари, 2026

Колку чинат билетите за трибините на Светското првенство во Катар: До 1.600 евра за важните натпревари!

Одбројувањето може да почне, само уште два дена остануваат до Мундијалот во Катар.

Но сте прашале ли колку чинат билетите?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Qatar Worldcup (@worldcup.2022)

Познато е, за гламурозниот изглед на Катар за време на СП, стадионите и инфраструктурите се создадени целосно од нула. Малата држава во Персискиот залив не штедеше трошоци во однос на организацијата на Мундијалот зашто земјата нема фудбалска историја, а е одлична можност да се отвори кон западниот свет.

Се проценува дека во Катар, помеѓу 21 ноември и 18 декември, ќе пристигнат околу 1,5 милиони навивачи. Покрај стадионите со вредност од над 9 милијарди евра, изградена е нова, и проширена старата автопатска и железничката мрежа. Според владините претставници, околу 210 милијарди евра се потрошени за инфраструктура директно или индиректно поврзана со Светското првенство.

За да уживате во спектаклот на натпреварите во Катар 2022, ќе ви требаат многу пари, цените на билетите се движат од минимум 60 евра за место со ограничена видливост – односно поглед од птичја перспектива, до 200 евра за централната трибина за натпреварите од првата фаза, додека за важните натпревари цените се зголемуваат значително, речиси 10 пати повеќе.

Врвот, секако, е за финалето на 18 декември: 516 евра е минималната цена, по што следуваат 850 евра потребни за место со средна видливост, до најмалку 1.400 евра за билет на централната трибина.

Овие цени ги претставуваат бројките предложени на почетокот на 2022 година, односно во првиот круг на продажбата отворена за јавност, во која беа продадени вкупно 800.000 места за 64-те натпревари од светскиот шампионат.

Но, зголемувањето на трошоците поврзани со енергијата и горивото, поради руско-украинската меѓународна криза, доведе до дополнителен скок на цената на билетите која се искачи на 1.600 евра за финалето. На оние кои успеале да купат билети преку порталот на ФИФА, им било кажано дека за да влезат во Катар ќе треба да се пријават за Хаја Кард, вид привремена виза потребна за пристап до сите настани поврзани со Мундијалот, искористувајќи го бесплатниот јавен превоз. Но, ова е можеби единствената добра вест за паричникот: барањето за слободни кревети заврши во рекордно време, и затоа и трошоците за сместување и патување драстично се зголемија. Па така, доколку најдете слободно место во некое далечно предградие на Доха, ќе ви требаат најмалку 200 евра дневно само за да преспиете во соба која нуди многу малку удобности, освен клима, ако работи.

 

Слични објави

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо
Се вчитува....