17.8 C
Скопје
13:41 - 20 април, 2024

Колкави се платите во Германија? Еве колку се заработува за различни професии

Германија со години се смета за најсилна економија. Затоа и не чуди што таму на работа одат најголем број граѓани од балканскската работна сила.

Сега е откриено колкави се просечните плати на различни работни позиции.

Иако растот на платите е забавен во последните години и во оваа земја, податоците покажуваат дека месечните примања и понатаму се значително повисоки отколку во другите европски земји.

Така, на пример, платата на пекар се движи од 1.500 евра месечно до 4.000 евра, а одредени занимања, како менаџери на хотели, имаат плата од речиси 10.000 евра.

Речисите сите од овие простори што одат на работа во Грманија се вработени, и живеат од плата и од работа, а не од социјална помош. Работите што ги извршуваат најчесто припаѓаат на нискоквалификувани, но и потешки работи. Голем дел од нив се вработени во градежништвото, угостителството, одржувањето на хигиената. Работа има и во металната индустрија, транспортот, негата на стари лица.

За повеќето од овие работни места, на луѓето од овие простори не им треба високо ниво на познавање на германскиот јазик, па многумина почнуваат да учат јазик дури кога ќе се вработат. Сепак, работните места со високи квалификации, но и со поголема заработувачка, како оние во здравството, бараат познавање на јазикот на повисоко ниво.

Ако ја погледнеме листата на најчести работни места на кои се ангажирани Македонците, Србите, Црногорците, односно балканската работна сила, месечната плата е далеку поголема од сумата што би можеле да ја заработат за истата работа во сопствената земја. Платите според „paylab“ се движат од 1.500 евра па нагоре.

Подолу е листа на 50 занимања и плати во Германија:

Негувател 1.500 – 3.651 евра

Медицински асистент 1.500 – 4.280 евра

Доктор 3.369 – 7.862 евра

Медицинска сестра 1.612 – 4.531 евра

Лаборант, техничар 1.923 – 3.950 евра

Фармацевт 3.050 – 7.028 евра

Стоматолог 3.431 – 7.683 евра

Ветеринар 2.086 – 5.489 евра

Оптичар 1.791 – 4.125 евра

Архитект 2.005 – 6.507 евра

Градежен инженер 2.334 – 7.392 евра

Електро инженер 2.228 – 5.098 евра

Електричар 2.308 – 4.339 евра

Пекар 1.586 – 4.008 евра

Претставник за продажба 1.590 – 6.055 евра

Дилер на автомобили 1.864 – 7.320 евра

Банкарски службеник 2.404 – 5.138 евра

Сметководител 2.018 – 4.636 евра

Секретар/ка 2.598 – 5.436 евра

Економист 2.661 – 5.812 евра

Супервизор на кол-центар 3.085 – 5.564 евра

Референт за продажба 2.137 – 7.595 евра

Возач на автобус 2.117 – 4.146 евра

Таксист 2.005 – 3.963 евра

Контролор 3.182 – 7.648 евра

Автомеханичар 2.019 – 4.223 евра

Автоелектричар 2.228 – 5.097 евра

Автотехничар 2.151 – 5.216 евра

Виљушкар 1.890 – 3.779 евра

Хигиеничар 1.500 – 2.849 евра

Рецепционер 1.803 – 3.456 евра

Дадилка 1.500 – 4.168 евра

Фризер 1.576 – 3.240 евра

Водоводџија 2.317 – 4.524 евра

Циглар 1.500 – 5.149 евра

Столар 1.561 – 5.339 евра

Техничар за обработка на дрво 2.230 – 4.465 евра

Уредник 1.993 – 8.822 евра

Новинар 2.036 – 5.157 евра

Менаџер за организирање настани 2.521 – 6.621 евра

Менаџер за комуникации 3.370 – 5.831 евра

Фотограф 1.907 – 4.609 евра

Инструктор по возење 1.916 – 4.548 евра

Графички дизајнер 2.280 – 5.053 евра

Маркетинг асистент 2.520 – 3.910 евра

Менаџер на хотел 2.120 – 9.742 евра

Келнер 1.653 – 3.738 евра

Готвач 2.446 – 6.579 евра

Слични објави

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо
Се вчитува....