16:03 - 18 август, 2026

(ФОТО) Кој е заробениот олигарх Виктор Медведчук? ПУТИН е кум на неговата ќерка, сопственик на морски облакодер, има богатство од над пола милијарда долари!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ предложи на Москва размена на затвореници по апсењето на Виктор Медведчук, украински олигарх меѓу најлојалните на рускиот лидер Владимир Путин. „Јас и предлагам на Руската Федерација размена на овој ваш човек“ за Украинци и жени заробени од московските сили за време на инвазијата, предложи Зеленски. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги пофали украинските органи за спроведување на законот за фаќањето на олигархот Виктор Медведчук, најблискиот сојузник на Владимир Путин во Украина.

Зеленски на Телеграм објави негова фотографија со лисици, додавајќи дека украинската СБУ извршила специјална операција.

На официјалниот Твитер профил на украинската служба за безбедност се наведува дека Медведчук носел униформа на украинската армија како камуфлажа. Тие истакнаа дека го уапсиле во „опасна специјална операција“.

Инаку, Виктор Медведчук е роден во Сибир во 1954 година. Неговиот татко бил осуден за соработка со нацистите за време на окупацијата на Украина. Работеше како адвокат, а подоцна влезе во политиката. Тој е лидер на Опозициската платформа за живот, најголемата опозициска партија во Украина.

Меѓу другото, Зеленски ја суспендираше партијата во март поради нејзините врски со Русија. Медведчук се споменуваше и како еден од кандидатите за преземање на власта во Киев доколку Русија успее да го преземе градот. Тој претходно изјави дека Путин и бил кум на неговата ќерка.

Познат е по тоа што е еден од најголемите противници на Европската унија, која своевремено ја споредуваше со нацистичка Германија.

Форбс го проценува богатството на овој олигарх на половина милијарда евра. Сопственик е на мегајахтата The Royal Romance долга 92 метри, која со години е закотвена во центарот на Риека, Хрватска.

Пред неколку недели, јахтата, како што пишуваше хрватскиот дневен весник „Нови лист“, го напушти пристаништето во Риека и отиде на пристаништето во Трогир.

(ФОТО) ЕСПРЕСО ЈА УЛОВИ ЕДНА ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ЈАХТИ ВО СВЕТОТ: Другарот на Путин ужива во Риека

Royal Romance е една од најголемите луксузни јахти во светот, а годишните трошоци за одржување и патување се проценуваат на дури 15 до 20 милиони долари.

Магазинот „Тајм“ објави напис за пријателството меѓу Медведчук и Путин во февруари, пред инвазијата. Ова е дел од статијата:

– Заедно одмараат на Црното Море. Тие прават бизниси. Тие се опседнати со врските меѓу нивните земји и западните сили кои ги гледаат како сили на раздор.

Медведчук претходно изјави дека нивната врска се развива повеќе од 20 години.

Соединетите Држави минатиот месец го обвинија Медведчук и неговите сојузници за планирање државен удар со помош на руската војска, според Тајм.

Слични објави

(Фото) „Фала ти за сè, мир Божји“: Зои Блаж со сопругот Тадеј и ќеркичката Мариа го посети Острог

Еспресо

(Фото) Мајка и ќерка на заедничко патување – Ѓина Џиновиќ и Мелина уживаат во луксуз на Миконос

Еспресо

Ивона Јо искрено: „Дел од фамилијата не ми зборува зашто се омажив пред да помине една година од смртта на тато“

Еспресо

Урнебесен одговор на Ен Хатавеј на прашањето дали чека момче или девојче

apostolova

Драгана Мирковиќ во преговори да стане дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.
Се вчитува....