15:36 - 13 јули, 2026

КОЈ БЕШЕ ТОМ ПАРКЕР? „Тежи“145 милиони долари, талентиран за музика ама и за бизниси, борбен до последен здив…

Том Паркер, еден од петте членови на британско-ирскиот бенд по кој лудуваа тинејџерите, симбол на британската денс поп-сцена од 2000-тите, почина на 33-годишна возраст. Но кој всушност беше Том Паркер и што остави зад себе?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Parker (@tomparkerofficial)

Роден во 1988 година, Паркер имаше тумор на мозокот. Смртта на пејачот ја објави неговата сопруга Келси Хардвик, на Инстаграм, давајќи до знаење дека Паркер си заминал „мирно, опкружен со своите најблиски“. На Паркер му беше дијагностициран глиобластом – малигнен тумор лоциран во мозокот или ‘рбетниот мозок – во четвртата фаза, во 2020 година: неоперабилен, според лекарите, кои му даваа живот од 12 до 18 месеци.

По неколку сесии на хемотерапија и радиотерапија, Паркер минатата есен објави дека туморот е под контрола, додека во февруари отпатува во Шпанија на експериментален третман (а неодамна, за да се врати во бендот и да настапува со колегите, се согласи да настапува во живо седејќи на столица, зашто беше премногу слаб за да стои).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Parker (@tomparkerofficial)

Една недела пред неговата смрт, тој најави дека ќе објави биографија во која „ќе зборува за животот, а не за смртта“, како што самиот рече. Биографијата е насловена „Надеж – моето инспиративно патување“, а требаше да биде објавена во јули. Со оглед на тоа што книгата секако е готова и пред печат, веруваме дека неговата сопруга ќе ја направи промоцијата.

Бендот со кој се прослави Паркер, The Wanted, беше формиран во 2009 година, а го сочинуваа младите момчиња: Том, Макс Џорџ, Сива Канесваран, Нејтан Сајкс и Џеј МекГанес. Лансираа различни хит песни, а по момците од бој-бендот, особено по Паркер, лудуваа тинееџерките. Последниот албум го објавија минатиот ноември. Непосредно пред објавувањето на албумот, самиот Паркер зборуваше за својата болест, објаснувајќи дека е „стабилен“ и дека болеста е „под контрола“.

Во 2019 година се чинеше дека спектакуларната кариера на пејачот завршува. Но непосредно потоа, тој повторно одеднаш се најде на врвот. „People With Money“ во средата (30 март) објави дека Паркер е најплатениот млад пејач во светот, инкасирајќи неверојатни 46 милиони долари помеѓу март 2021 и март 2022 година, што е речиси 20 милиони долари во предност пред неговиот ривал.

Британскиот пејач има проценета нето вредност од 145 милиони долари. Своето богатство го должи на паметни капитални инвестиции, имоти, профитабилни договори за соработка со козметичката компанија CoverGirl.

Паркер поседува и неколку ресторани (синџирот „Papa Tom’s Pizzas“) во Лондон, фудбалски тим („Ангелите на Болтон“), лансираше сопствен бренд на вотка, и се обраќа на детскиот пазар со успешен парфем („Da Tom con Amore“) и трендовска младешка линија наречена „Seduction by Tom Parker“.

Том Паркер беше во брак со Келси, од 2019 година и имаат две деца. Нивната прва ќерка, Аурелиа Роуз, се роди во 2019 година, додека нивното второ дете, Боди, во 2020 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Parker (@tomparkerofficial)

Слични објави

(Фото) Тајзи се ожени, а свадбата се претвори во вистински спектакл – Слаткар, Пајак и 2Бона направија хаос

Еспресо

Јелена Карлеуша откри дали новата песна му е посветена на Душко Тошиќ: „Многу плачев додека ја снимав“

Еспресо

(Фото) Новинарката Александра Спировска никогаш позгодна – поранешната сопруга на Пере од „Нокаут“ ужива во Ксамил

apostolova

Кога ќе одлучиш дека е време за поголема тежина, а тегот има друга идеја: хит-снимка од теретана на Лаура Гњатовиќ

Т.Ц.

Ќерката на Ена Беговиќ ја наследила убавината од мајка си, но се одлучила за живот далеку од рефлекторите

Т.Ц.

(Видео) Низ овој тунел на Хвар возачите возат со страв – не е за оние што страдаат од клаустрофобија

Т.Ц.
Се вчитува....