17:51 - 9 април, 2026

Клиника „Жан Митрев“, дел од панел-дискусијата за органодарителство

Клиниката „Жан Митрев“ учествуваше на панел-дискусијата „Органодарителство во Македонија“, организирана од Медицинската студентска организација СОМA, во соработка со organodaritelstvo.mk, која се одржа на 27 март 2026 година во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

На настанот учествуваа д-р Жан Митрев и д-р Никола Христов, кои споделија искуства од секојдневната клиничка пракса и зборуваа за современите медицински процедури кои придонесуваат за спасување човечки животи.

Во рамки на дискусијата се отворија важни прашања за органодарителството и трансплантацијата, не само од медицински, туку и од етички и општествен аспект.

 

 

Органодарителството не е само медицинска процедура, туку одлука што може да значи нова шанса за живот.
Ваквите разговори се клучни за подигнување на свеста и за градење поинформиран и посигурен пристап кон оваа тема.

Слични објави

Новата колекција на „Прагма“ е сè што ви треба за да заблескате

Еспресо

(Фото) Водителката Марија се огласи од Словенија со посебен повод за среќа

Еспресо

Синот на Харис Џиновиќ започна сопствен бизнис: „Не сакаше да биде само син на познат пејач“

Еспресо

Буба Корели ја замени затворската казна со парична уплата од околу 12.000 евра

Еспресо

(Фото) Сексапил и естетика: Марјана Станојковска во уникатно издание

Еспресо

Како правилно да ги негувате хортензиите за да цветаат цело лето

Т.Ц.
Се вчитува....