27.6 C
Скопје
17:50 - 19 јуни, 2026

Киев: „Жени, деца и стари лица, сите евакуирани од челичарницата Азовстал“; Москва потврдува

Останува да се види каква ќе биде судбината на војниците и борците, од кои повеќе се ранети.

„Наредбата на претседателот беше извршена: сите жени, деца и постари лица беа евакуирани од Азовстал. Овој дел од хуманитарната операција во Мариупол е завршен“, напиша украинскиот вицепремиер Ирина Верешчука на Телеграм. Не се знае со сигурност дали внатре има други мажи- цивили, ниту пак е јасно каква ќе биде судбината на борците, меѓу чии редови има и многу ранети. „Ние исто така работиме на дипломатски опции за да ја спасиме нашата војска која сè уште останува во Азовстал. Вклучени се влијателни посредници и влијателни држави“, рече претседателот Володимир Зеленски во своето синоќешно видео-обраќање.

Москва ја потврди веста. „Хуманитарната операција која се состоеше од мирна евакуација на  цивили од челичарницата Азовстал заврши денеска“, објасни Михаил Мизинцев, директор на рускиот одбранбен контролен центар. „Во евакуацијата, која започна на 5 мај, спасени се 51 лице (18 мажи, 22 жени и 11 деца)“, додаде Мизинцев.

Украинските власти вчера објавија план за евакуација од централата и другите области на Мариупол за денеска. Во изминатите неколку часа проруските сепаратисти од регионот Доњецк, како што пренесува московската новинска агенција Тасс, соопштија дека денеска се евакуирани 50 цивили, но новинарите на теренот на агенцијата Ројтерс јавуваат дека досега не виделе некој да пристигне на прифатниот пункт на сепаратистичката територија. Според украинската воена команда, Русија сепак продолжила да го напаѓа подрачјето на челичарницата во овие часови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ukraine Relief (@ukrainereliefcom)

Евакуацијата, со посредство на Обединетите нации и Црвениот крст, започна пред една недела, но во последните денови беше прекината поради повторното разгорување на борбите.

Слични објави

Десингерица ја искритикува Марија Шерифовиќ: „Одлично пее, но е полна со комплекси“

Еспресо

Драган Стојковиќ Босанац проговори за драмата со лекарот: „Ти остануваат уште три години живот“

Еспресо

(Видео) Главна на Јадранот – Јована Јеремиќ заплива во морето во светкаво бикини

Еспресо

Малкумина го знаат ова: Со што се занимавала Емина Јаховиќ пред музичката кариера?

Еспресо

Палми, базен и висока ограда — Ана Севиќ ужива во луксузната вила, ја чува обезбедување 24 часа на ден

Еспресо

(Фото) Ќерката на Гоца Тржан блесна на матурата — убавата Лена беше како холивудска ѕвезда

Еспресо
Се вчитува....