6.9 C
Скопје
04:28 - 1 април, 2026

Ќерката на Путин во врска со Зеленски – балетан со исто презиме како претседателот на Украина, дали се роднини?

Ќерката на Владимир Путин е со… Зеленски. Второто дете на рускиот претседател, Екатерина Тикохова, со години е во романтична врска со балетан кој до пред неколку недели живеел во Германија и кој има исто презиме како и украинскиот претседател, но роднини не се.

Неговото име е Игор Зеленски и до април беше директор на Bayerisches Staatsballett (Баварскиот државен балет), функција што ја извршуваше од 2016 година, а од која се откажа наведувајќи строго приватни причини, пишува независниот сајт Важније истории, кој работел на оваа вест заедно со Der Spiegel (Шпигел). Екатерина (35) и Игор (52) добиле ќерка во 2017 година.

Веста за врската меѓу двајцата е поткрепена со авионското патување на Тихонова, втората од ќерките што Путин ги доби со првата сопруга Људмила, која во 2017 година се раздели од нејзиниот сопруг Кирил Шамалов, и преку комуникацијата на еден од чуварите од Службата за заштита на претседателот доделена на Екатерина. Во изминатите две години, Тихонова летала меѓу Москва и Минхен повеќе од 50 пати.

Од 2018 година Зеленски, кој претходно бил главен балетан во театарот Марински и гостин во Градскиот балет на Њујорк, Скала во Милано и Бољшој во Москва, е член на Надзорниот одбор на Фондацијата за национално уметничко наследство на Русија, проект лично поддржан од Путин, но кој никогаш не се реализираше како што беше замислен. Но, токму поради неговото придржување кон проектот, тој бил повикан во германското Министерство за науки и уметност по почетокот на војната.

Екатерина е вклучена во листата на луѓе погодени од американските и британските санкции.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....