10.8 C
Скопје
12:16 - 30 март, 2026

„Ќе славиме и во Србија и на Флорида“: Српската старлета Станија се мажи, нејзиниот партнер ја потврди радосната вест

Српската старлета Станија Добројевиќ и Асмин Дурџиќ ја обновија романсата, а сега се подготвени да ја однесат врската на повисоко ниво.

Имено, Асмин неодамна изјави дека планира да изгради луксузна куќа во која ќе живее со Станија, а сега откри и дека напорно ја подготвува свадбата.

Неговите обожаватели беа загрижени бидејќи тој во последно време е неактивен на социјалните мрежи, а тој објасни дека причината е гала-венчавката што ќе ја приреди наскоро.

– Никој не ми го хакнал профилот, кумот не знаел. Ама јас спремам свадба, па се исклучив малку. Многу работа околу свадбата, таа мора да биде најсилна во Европа и Флорида – напиша Асмин преку својата инстаграм приказна.

Тој за српскиот медиум „Информер“ откри детали околу прославата.

– Се што е поврзано со нашата свадба одлучува Станија. Можам само да кажам дека ќе биде во Флорида и Србија. Ќе ѝ ја исполнам секоја желба на Станија, така ќе биде и кога е венчавката во прашање – вели Дурџиќ, кој не можеше да го открие датумот на венчавката.

Да потсетиме, Асмин неодамна ѝ купи на Станија роденденски подарок од речиси 300.000 евра.

-Животот не собра сосема случајно и од тој момент ништо не е исто. Сега знам за што живеам, сега знам што е вистински живот. Имам само една желба, а таа желба си ти. Овој ден ќе бидам твоја сенка и ќе се трудам се да направам по твоја волја. Секој ваш збор е моја заповед и должност. Те сакам и ми причинува вистинско задоволство. Љубов во очите, радост во срцето и среќа во раката, само тоа сакам да го имате во иднина. Среќен ти роденден љубов моја – напиша тогаш.

Слични објави

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо
Се вчитува....