14:32 - 12 април, 2026

Карлеуша и Марија Шерифовиќ заедно во авион?! Јелена слетала, па рекла: „Ќе ја штипнев за дебелиот…“

Српската пејачка Јелена Карлеуша денеска попладне се вратила во Белград, а екипата на српски „Телеграф“ ја снимила на аеродромот „Никола Тесла“.

Карлеуша била во опуштено издание, удобна тренирка, маица, со капа и очила за сонце, сè во крем боја.

Карлеуша застанала пред медиумите и дала изјава за бројните актуелни теми на естрадата.

Ја прашале дали ќе оди на концертот на колешката Емина Јаховиќ, кој се одржува следната недела во Белград.

– Емина Јаховиќ има концерт? Многу убаво. Многу ми е мило, ѝ посакувам се најдобро. Немам контакт со Емина, не директен – рекла Јелена Карлеуша.

На прашањето дали се сретнала со Марија Шерифовиќ на аеродромот, бидејќи имало гласини дека биле во ист авион, Карлеуша рекла:

– Навистина? Не се сретнавме. Мислам дека би ја видела. Би ја штипнала за оној нејзин дебел задник – рекла таа.

Карлеуша открила кога ќе почне со промоцијата на новите песни.

– Чекавме да помине годишнината од трагедијата во Нови Сад, да се смири целата тензија. Сега ќе почнам со промоцијата, силно. Спотовите сè уште не се завршени, песните се. Ќе имаме поинаков вид промоција. Чекам да го решам со Мета проблемот со социјалните мрежи, поточно со Инстаграм, бидејќи не сакам да почнам промоција без она што ми беше одземено на многу грд начин, а тоа се социјалните мрежи. Кога ќе го вратам сето тоа, ќе почнеме, а тоа ќе биде наскоро – рекла Јелена Карлеуша.

 

Слични објави

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.
Се вчитува....