08:29 - 4 април, 2026

Карлеуша брутално за мажите: „Ако не можеш да ги платиш сметките, како ќе ми правиш деца утре“

Пејачката Јелена Карлеуша, која неодамна откри дека „повеќе не е пријателка со Канје Вест“, гостуваше во поткаст каде откри сè за партнерствата и мажите на кои „паѓа“.

Јелена не криеше дека е љубоморна во врската, поточно „болно љубоморна“ и дека понекогаш му се заканувала на својот партнер.

„Не би го нарекла тоа љубомора, туку болест. Болна сум од љубомора, исто како што сум и од љубов. Немам мерка во ништо, кога сум љубоморна веројатно ќе ти се заканувам дека ќе те убијам. Тоа сум јас. Те сакам толку многу што си давам за право да ти се заканувам со убиство. Во секоја смисла сум екстремна, превентивно се заканувам. Неколку пати му го направив животот пекол на човек, кој не беше ни крив ни должен“, признала Јелена откривајќи какви мажи ја привлекувале.

„На прв поглед би рекла дека мојот тип на маж е русокос, со сини очи. Кога разговарам со мојата пријателка Софија Милошевиќ, и велам дека ако имала машка верзија или брат близнак, или нејзиниот син кога би пораснал.. тоа е тоа. Секогаш се случува нешто друго да е параметарот на она што го гледам кај мажот. Важниот параметар е тоа каков е во сексот. Ако тоа не чини, џабе му се неговата сина коса, очи, пари… Добар дечко, надарен, млад, згоден, мускулест, полн како брод… Мене најмногу ме бркаа деца, дури и до ден денес … Просечната возраст на оние кои ми пишуваат на Инстаграм не надминува 22-23 години. Мене ми е смешно бидејќи знам што сакаат овие деца“, рекла Јелена.

Јелена потоа се осврна на злоупотребата на феминизмот, но и појасни дали на првиот состанок би се согласила да ја подели сметката.

„Не сме еднакви. Јас не можам да преместувам мебел, ти можеш, тоа ти е во ДНК. Не можеш да родиш, јас можам. Има машко-женски работи кои се делат. Јас би платила за сè. Но тогаш не би била заинтересирана, ако не можеш да го направиш тоа, како ќе ми правиш деца утре, да ми помогнеш ако сум болна и не можам да работам… Поаѓам од себе, ако можам јас, можеш и ти “, изјавила Карлеуша.

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....