03:46 - 6 февруари, 2026

КАНЈЕ ВЕСТ ВО НОВИ ПРОБЛЕМИ: По исклучувањето од Греми, ново исклучување од важен настан!

По забраната за Греми, социјалните испади на ѕвездата продолжуваат да го чинат исклучувања и од други важни настани. 

Испадите на социјалните мрежи на Канје Вест продолжува скапо да го чини. За него следуваат исклучување по исклучување, по Греми – и покрај двете освоени статуетки, за најдобра рап песна и рап изведба – доаѓа и исклучувањето од фестивалот Коачела (најважниот музички настан во САД). Доволно е да се каже дека е покрената петиција на Интернет за да се спречи неговото појавување на Фестивалот, а само  за неколку дена се собраа над 50.000 потписи.

Кариерата на Кајне Вест полека се уништува, додека онаа на неговата поранешна сопруга која е во врска со комичарот Пит Дејвидсон, продолжува до цвета.

Од друга страна, минатиот месец Инстаграм му го забрани на Вест личниот профи во период од 24 часа поради однесување кое поттикнува расна омраза (кон Тревор Ноа).

Само за информација денес неговиот Инстаграм профил е комплетно празен без ниедна фотографија, а наместо профилна слика и црна фотографија. Сепак профилот на Је го следат дури 15,9 милиони корисници.

Веќе во 2016 година, ѕвездата доживеа нервен слом што го доведе до престој во установа за пациенти со ментални здравствени проблеми. Непосредно пред тоа, Канје Вест мораше да го откаже последниот концерт од неговата турнеја во Сао Паоло поради несоодветно однесување на сцената.

Коачела, која се одржува во текот на два викенда, всушност обезбеди двоен настап на Кајне (на 17 и 24 април) кој на сцената требаше да се менува наизменично со Доја Кат, Хари Стајлс, Били Ајлиш и Манескин. Но, списанието Пипл побара коментар и од агентот на Је и од организацијата на фестивалот, Голденвоис, но засега никој не сака да даде официјална изјава за исклучувањето на Канје од Фестивалот.

Слични објави

Маријана Микиќ официјално се разведе: Пејачката ги потпиша документите, крај на приказната!

Еспресо

Ела Дворник повторно живее со поранешниот сопруг: „Вистински пекол на земјата!“

Еспресо

Познат пејач ја изневерува својата сопругата со маж: Водителот на Пинк откри шокантни детали

E.A.

(Фото) „Имав рак по рак, потпишав…“: Ќерката на легендарниот пејач ги откри деталите од мачната борба

Еспресо

Ацо Пејовиќ купил дуплекс стан во модерниот дел на Белград: Еден квадратен метар чини 6.000 евра

E.A.

(Фото) Првата заедничка фотографија: Еве како изгледа партнерот и татко на детето на Милица Тодоровиќ

Еспресо
Се вчитува....