8.8 C
Скопје
00:07 - 11 април, 2026

КАНЈЕ ВЕСТ СЕ СПРИЈАТЕЛИ СО ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША: На повидок е нова соработка?

Instagram

Српската пејачка Јелена Карлеуша на Инстаграм ја „заследил“ познатиот рапер Канје Вест,  поранешниот сопруг на една од најпознатите старлети Ким Кардашијан.

Но не е само Вест кој ѝ станал „пријател“ на Карлеуша на социјалните мрежи, меѓу бројните познати ѕвезди е и глумицата и моделка Софија Вергера.

Карлеуша го прифатила пријателството со Канје, па останува да видиме дали ќе следува и некоја дописка за соработка.

Се претпоставува дека Вест веќе неколку години наназад знае која е Карлеуша, со оглед на тоа што американските медиуми пишуваа за нејзиниот стајлинг, односно дека поранешната сопруга на раперот ги копира нејзините модни изгледи.

Своевремено и Ким Кардашијан се огласи и на својот блог и ја пофали српската пејачка:

-Ова недела женска симпатија е српската поп ѕвезда Јелена Карлеуша! Првпат слушнав за неа кога луѓето споредија некои од нашите изгледи – некои рекоа дека сум ја копирал. Се разбира, морав веднаш да ја видам. Навистина е прекрасна! Некои од нејзините стајлинзи навистина личат на моите – го сакам нејзиниот смел стилски израз! И двајцата сме тотално глам! Ми изгледа дека е моќна жена која напорно работи и тоа ми се допаѓа! Ја почитувам – напиша Ким постирајќи фотографии од Јелена.

 

 

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....