08:20 - 3 април, 2026

Канје повторно ја стави Ким Кардашијан во непријатна ситуација (ВИДЕО)

Раперот Канје Вест е познат како егоцентрик, но многумина веруваа дека барем кога станува збор за негова поубава половина, тој знае да се грижи и за другите. Судејќи според најновите снимки на познатиот пар, очигледно тоа не е така.

View this post on Instagram

NBA ALL STAR GAME 2020

A post shared by Kanye West (@kanyewestt_official) on

Дури два пати претходната недела Канје се однесуваше неџентлменски спрема Ким Кардашијан, а нејзините фанови се огорчени и лути поради тоа што раперот, со кој има четири деца, ја доведе до таква непријатна ситуација во јавноста.

Прво Канје не го возврати бакнежот на кошаркарскиот натпревар кога се најдоа во кадарот на камерата. Многумина го критикуваа за овој потег и очигледно беше дека ријалити-ѕвездата се чувствуваше многу непријатно, но цело време ја прекриваше емоцијата со изнудена насмевка.

Вториот „инцидент“ предизвика уште една полемика. Друштвените мрежи беа преплавени со снимката од нивниот одмор во Париз на која парот се бакнува за време на возењето во лифт, а потоа Канје излегува и ја остава сопругата сама да ги носи кесите, дури не ни застана да ѝ ја придржи вратата.

Слични објави

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.
Се вчитува....