13:06 - 2 април, 2026

Камерон Дијаз отворено за тоа како се снајде во улогата на мајка на прагот на 50-те и зошто сега поинаку гледа на стареењето

Во новото интервју, во подкастот на Гвинет Палтроу, Камерон Дијаз зборуваше за мајчинството, за улогата на родителите и за стареењето. Таа отворено проговори за тоа како се снашла во новата улога на прагот од 50-те години и зошто сака да доживее длабока старост.

Откако стана мајка пред две години, актерката Камерон Дијаз многу се промени. Нејзиното секојдневие не е исто, а на стареењето не гледа на ист начин како порано. 49-годишната Дијаз сега тврди дека сака да доживее длабока старост за да поминува што повеќе време со својата ќерка.

Во новото шоу на колешката Гвинет Палтроу, таа откри дека се надева дека ќе доживее 110 години.

– Целиот концепт на стареењето за мене целосно се промени во последните десет години, особено откако ја добив Редикс – изјави Камерон, која се повлече од светот на актерството во 2014 година. Со сопругот Бени Маден добија ќерка со помош на сурогат мајка и оттогаш не крие дека тоа е исполнување на сите нејзини соништа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz)

– Отворена сум за сè што ме очекува и многу сум возбудена. Мислам дека имам уште 50-60 години. Сакам да доживеам 110 години бидејќи имам толку мало дете – изјави Дијаз и додаде:

-Мислам дека најубавите моменти ги доживуваш со родителите кога си во 40-тите. Дури тогаш навистина ги цените и сфаќате што ви дале. Затоа сакам да бидам со ќерка ми кога ќе има 40 годин.

Потоа откри дека добрата генетика може да ѝ го овозможи тоа бидејќи нејзиното семејство е познато по долговечност.

– Баба ми трчаше низ полињата на Сан Фернандо со храна за кокошки и зајаци на 72 години. Мислам дека наследив нешто од неа. Исто така мислам дека начинот на кој живееш, како се грижиш за своето тело е исклучително важен – заклучи таа.

Слични објави

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо
Се вчитува....