2.8 C
Скопје
07:44 - 6 октомври, 2026

Метео предупредување: Циклон над Македонија

– За време на викендот ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер а можна е и локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека во недела ќе биде НАЈТОПЛО, и во најтоплите предели температурите се очекува да се искачат близу 40 степени. Под влијание на нова циклонска активност од запад и југозапад, во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде ОСОБЕНО НЕСТАБИЛНО, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд кој за кратко време ќе услови ПОГОЛЕМО КОЛИЧЕСТВО на воден талог (можни локални поплавувања), силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде и од поголем пречник. Температурите во текот на следната седмица ќе бележат тенденција на постепено опаѓање.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека во следниот период повторно очекуваме циклон над Македонија и многу нестабилно време, во случај на појава на електрични празења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на електрични празења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел истите да ги заштитат. Граѓаните кои возат автомобили, истите во случај на силен ветер да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета – предупредува метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Кеба проговори за свадбата на синот и бремената девојка: Кога се слави, нека се слави!

Еспресо

Теодора Џехверовиќ го објави списокот на сите естетски корекции

E.A.

„Ослабев 6 килограми, ама не како Сека Алексиќ“: Дара Бубамара во провокативно издание упати остри стрели кон колешката

E.A.

По смртта на Оливер Драгојевиќ, семејниот бизнис пропадна: Станот во Сплит е поделен, ова е вистината за наследството

Еспресо

„Харис Џиновиќ имаше афера со келнерка“: Водител изнесе скандалозни тврдења за бракот на пејачот и Мелина

Еспресо

Крајот на годината носи пресврт — овие три хороскопски знаци ги очекуваат најголеми промени до крајот на 2026 година

К.С
Се вчитува....