22:58 - 12 април, 2026

Какво време ќе имаме за празникот, а какво ќе биде ова лето?

– Нашата територија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛА воздушна маса од Африка, и истата ќе условува невообичаено високи температури на воздухот. Минималните (утрински) температури на повеќе места ќе се задржат околу, па и над 10 степени, додека максималните дневни ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и на многу места ќе надминат 30 степени, а во најтоплите предели истите се очекува да надминат дури и 35 степени, што значи во следните денови полека но сигурно температурите ќе се приближат дури до околу 40 степени. Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, додека во попладневните часови локално ќе има услови за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Ув индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе измесува коефициент некаде околу 10, па граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот и да пијат што повеќе течности. Особено на ова да бидат внимателни метеопатите, и старите и изнемоштени лица, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Што точно ќе се случува ова лето со времето? : Не очекува МНОГУ ТОПЛО лето со чести продори на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка, температурите често се очекува да се искачуваат до, па дури и над 40 степени во најтоплите предели. Многу топло ќе биде и во останатите предели од Македонија, но повремено мора да рачунаме и на појава на ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ (Локални поплавувања, интензивен пороен дожд, грмежи и појава на град, како и силен ветер).

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....