09:39 - 2 април, 2025

Како во хорор филм: 12-годишно девојче му побегнало на киднаперот и ѝ открило на полицијата две тела во распаѓање

Киднапираното 12-годишно девојче кое побегнало од заробеништво и било пронајдено како оди по пат во руралните средини на Алабама, ѝ помогнало на полицијата да открие две тела во распаѓање во резиденцијата каде што била задржана, соопштија властите во вторникот, пренесуваат странските медиуми.

Според „Вашингтон пост“, полицијата одговорила на дојавата на еден возач во понеделникот во 08:30 часот во понеделникот од возач кој ја забележал девојката како оди покрај патот во Дејдвил, изјавил шерифот на округот Талапуса, Џими Абет на прес-конференција. Бегството на девојчето поттикнало истрага за киднапирање која траела следните 24 часа и ги довела до локацијата на Хозе Паулин Паскуал-Рејес, рекол Абет. При претресот на неговата мобилна куќа во Дејдвил биле пронајдени две тела во фаза на распаѓање, рекол Абет.

Паскуал-Рејес (37) бил уапсен и обвинет за киднапирање од прв степен, три точки за убиство и две точки за злоупотреба на труп. Тој е задржан во затворот во округот Талапуса во очекување на сослушување, соопшти полицијата.

Киднапирана една недела, но не била пријавена за исчезната

Судските документи покажале дека девојчето било врзано за столпчиња за кревет речиси една недела и било злоупотребено и зашеметувано со алкохол, според WSFA во Монтгомери, Алабама. Девојчето, кое не е јавно идентификувано, не е пријавено за исчезнато, рекол Абет. Според документите, девојчето успеало да побегне така што го прегризало тоа со што била заврзана.

„Таа е херој“, рекол Абет.

На прес-конференцијата во вторникот, Абет одбил да даде дополнителни детали за тоа дали девојчето се познавало со Пасквал-Рејес или кога било киднапирано.

Властите, исто така, одбиле да споделат информации за идентификација и причини за смртта на двете тела пронајдени во домот на Пасквал-Рејес. Посмртните останки се испратени во Одделот за судски науки во Алабама за обдукција и идентификација. Окружниот обвинител на округот Талапуса, Џереми Дуер, им изјави на новинарите дека Пасквал-Рејс може да се соочи со нови обвиненија за убиство.

„Кога ќе продолжиме и ќе ја завршиме истрагата, убеден сум дека ќе следат уште неколку обвиненија“, рече тој.

Слични објави

(Фото) Позната пејачка дошла без заби во емисијата на Сања Маринковиќ! Водителката ѝ порачала нешто, а таа со рака ја покрила устата…

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Биковите ќе запознаат некој интересен преку социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Тројна среќа: Горан Папаз сподели преслатка слика со трите близнаци!

Еспресо

Тајната е откриена: Колкава алиментација плаќал Драган Којиќ Кеба?

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се соблече во бикини: Пејачката ги „искара“ луѓето на плажа!

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац на тренинг: Еве како пејачката ја доведува линијата до совршенство

Еспресо
Се вчитува....