22.8 C
Скопје
00:00 - 10 септември, 2026

Кина: акциите на САД се „манични, неодговорни и крајно ирационални“, Пекинг подготвува најголеми до сега воени вежби; Тајван: „Подготвени сме за војна, но без да бараме војна“

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска ги нарече американските дејствија „манични, неодговорни, крајно ирационални“ и рече дека Кина направила „најголеми дипломатски напори“, но „никогаш нема да дозволи да бидат повредени нејзините фундаментални интереси“.

Коментарите на министерот доаѓаат ден по спорната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван, кој Пекинг го смета за своја територија.

Инаку, Кина се подготвува за големи воени вежби во морињата околу Тајван по посетата на Тајпеј на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси. Вежбите – најголемите досега спроведени од Кина околу Тајван – се одговор на Пекинг на посетата на Пелоси на Тајван, иако Пекинг веќе блокираше дел од трговијата со островот. Воените маневри ќе се одржат во фреквентни поморски области и ќе вклучуваат гранатирање од долг дострел, соопшти Пекинг. Вчера Пекинг испрати 27 воени авиони во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на островот. Дваесет и два од овие авиони ја преминаа средната линија на Тајванскиот теснец, соопштува раињуз.

Од друга страна пак, Министерството за одбрана на Тајван известува дека вооружените сили на Тајван „функционираат како и обично и ја надгледуваат нашата околина како одговор на ирационалните активности“ на Народна Република Кина „со цел промена на статус кво и дестабилизирање на безбедноста на регионот“. Во соопштението на Министерството за одбрана на Тајпеј на почетокот на големите кинески воени маневри околу островот се наведува и дека „ние не бараме ескалација, но не застануваме во одбрана кога станува збор за нашата безбедност и суверенитет. Ќе го поддржиме принципот на подготовка за војна без да бараме војна и со став „да не ескалираме конфликти и да не предизвикуваме контроверзии“.

 

Слични објави

Само што се врати кај татко ѝ, веќе си замина – Ѓина Џиновиќ повторно ги спакувала куферите по еден ден во Белград

Еспресо

(Фото) Анѓелка Стевиќ Жугиќ сподели убава вест со својот сопруг – сите им честитаа: „Нека е со среќа!“

Еспресо

Кинеска астрологија која се темели на бенките на телото

Еспресо

Тамара отворено за љубовта: Му го проверив телефонот на Лука, а со видеото за раскинувањето претерав

Еспресо

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо
Се вчитува....