18.8 C
Скопје
15:22 - 20 април, 2024

Како се живее денес во Киев? Рестораните и пазарите повторно се отвораат, се пие кафе и пиво под сивото небо во знак на живот наспроти војната

Киев се обидува да се врати во нормалност, рестораните се отвораат првпат по 80 дена, метрото продолжува да вози, како пред војната, и во ноќните часови, луѓето се враќаат во градот, плоштадите се раздвижуваат, надвор се пие и по некое пиво…„ Вие го правите тоа на ваш сопствен ризик, не можеме да ви дадеме гаранции“, ги потстетува градоначалникот.

Сиво небо, сини дамки. Пред старата куќа на претседателот Зеленски, во областа „Арсенална“, се наоѓа „Киевскиот пазар на храна“, а присутни се сите „кујни“ на светот: остриги, хамбургери, пица, борши. За време на осумдесетте дена војна секогаш беше затворен. Готвачите подготвуваа пакети за војниците и за постарите самци. Но вчера, повторно пазарот се отвори за јавноста, за прв пат по избувнување на војната.

„Вработуваме повеќе од сто луѓе и почнуваме да го правиме она што отсекогаш го правевме, искрен сум, не очекував толку многу луѓе“, вели директорот Олег Лахута.

Во главниот град работите се менуваат. Тоа може да се види со голо око. Полицискиот час наместо во 22 часот започнува во 23 часот, метрото продолжува да се движи и во вечерните часови. Нема бензин, но по улиците се движат велосипеди и скутери. Повеќето од рестораните ги извадија масите надвор. Се пие пиво како знак за живот и покрај војната.

Но, градоначалникот Виталиј Кличко, поранешен боксерски шампион, штотуку даде изјава која го нарушува „ќефот“: „Го повторувам ова за сите граѓани кои се враќаат, жал ми е, но вие го правите тоа на ваш сопствен ризик, не можеме да ви дадеме гаранции. Други руски напади може да се случат во секој момент. Нашиот град останува главна цел, нема сомнежи за тоа“.

Но, како што вели тој, ноќните возови истоваруваат по илјада луѓе дневно на железничката станица Пасажирски. А Киев, кој има 3,5 милиони жители, денес е веќе 80 отсто населен: сите се враќаат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Киев (@kiev_2_)

Метро станицата на плоштадот Лав Толстој се уште се вика така, но наскоро ќе добие друго име. Во април, директорот за јавен превоз во Киев, Виктор Брахински, побара од градоначалникот да ги преименува петте постојки со имиња кои се однесуваат на Русија. Во гласањето за избор на имињата на иднината учествуваа 170.646 луѓе: „Бучанска“, „Варшавска“, „Васил Стус“, „Хероив Украини“ и „Ботанична“, се петте имиња со највисока оценка. Првиот се однесува на Буча: градот на масакрот на цивилите, на 30 километри од Киев. Местото низ кое требаше да помине инвазијата.

Бришењето на сите траги на Русија станува приоритет. Урбанистите се прашуваат за ризиците од тоа: промената на имињата на постојките на метрото може да создаде дезориентација кај постарите граѓани. Но, во меѓувреме градскиот совет веќе одобри список од над четириесет споменици кои ќе бидат отстранети од улиците и префрлени во „Музејот на тоталитаризмот“. Еве ги другите вести на денот: „Арката на пријателството на народите“ сега се нарекува „Арка на слободата на украинскиот народ“. Тоа беше споменик на братството. Но, во овој воен живот веќе не е можно братство со рускиот народ, според Украинците – 390 згради оштетени од бомбардирањето само во Киев, 75 училишта, 17 здравствени домови, 11 културни институции.

Штетите се пребројуваат, реконструкцијата ќе почне во септември. Во меѓувреме, театрите повторно се отвораат, а на влезот во оној на улицата Нижнојуркивска ве повикуваат да донирате 200 украински гривни за вооружените сили. Затоа што е невозможно да се биде на друго место: нема бегање од војната се додека има војна. Сепак, нешто се случува во Киев.

Доаѓа ли иднината? „Не, не ја гледам иднината. Ова е токму најголемиот проблем за мене “ – вели Алекс Хришин, 22-годишен програмер, пуши една цигара по друга и гледа преку плоштадот Мајдан.

„Имам роднини во Харков. Денеска е голем ден бидејќи и руските војници мораа да се повлечат од таму. Но, војната е нешто што навлегува во вас и ви ја јаде главата. Повеќе не можам да размислувам што ќе правам за шест месеци. Сè што можам да направам е да живеам еден ден по друг, морам да се спасам во сегашноста“. Во секој кварт на Киев има луѓе како Алина Похорила кои им помагаат на децата да не се чувствуваат премногу осамени.

Тие организираа други видови училишта со УНИЦЕФ: училишта каде се учи да се живее и расте во војна.

„Нашата цел е да ги научиме децата на правилата за безбедност преку игра. Секој реагира различно на воздушните аларми, кога ќе забележиме прекумерна вознемиреност ги оставаме психолозите да интервенираат“, вели Алина.

Подземјето на метрото повеќе не е дом на евакуираните од Киев, децата повеќе не се лизгаат по монументалниот мермер на скалите. Сирената за тревога сè уште се огласува, но таа стана дел од оваа нова нормала.
Никој не брза, никој не престанува да го прави тоа што го правеше. Секој се обидува да продолжи по својот пат. На Мајдан, плоштадот, центарот на востанија за демократијата во Украина, сега свири тапанарот Виталиј Богаскавски. На плоштадот одекнува и химната на Украина. Некој плаче, некој пее. Некој пак, остава паричка за тапанарот Богаскавски.

Како се живее денес во Москва и Санкт Петербург? Се оди во театри, во ресторани, трговски центри…„не се спомнува зборот војна“

 

Слични објави

За минута зема 2 000 евра бакшиш! Бресквица направи хаос меѓу публиката со песната „Орлово гнездо“

Еспресо

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо
Се вчитува....