10:46 - 12 ноември, 2026

(ВИДЕО) Како Путин ги слави родендените? Ја добил книгата „100 шеги за Путин“, еротски календар, а за еден роденден отишол во шума да бере печурки

Владимир Путин денеска го слави својот 70-ти роденден, прв откако реши да ја нападне Украина. И ќе го помине работејќи. За денеска има договорено неколку состаноци и меѓународни видео повици, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

И на тие средби, барем оние во живо, гостите веројатно ќе му донесат подарок, а она што Путин најчесто го добива се книги, пишува рускиот портал Iz.ru, кој се позанимавал со различните подароци што ги добивал Путин откако е на власт.

– За еден роденден ја доби книгата „100 шеги за Путин“. Тогаш рече дека го цени добриот хумор и дека ќе ја прочита – пишува овој портал.

Во претседателската библиотека во Кремљ, каде што се чуваат подароците, денес има околу 13.000 книги, од кои повеќето му биле подарени на Путин.

Еден од „попикантните“ подароци што ги доби Путин, пишува Iz.ru, е еротскиот календар со фотографии во долната облека, кој за Путин го направиле студенти по новинарство во Москва.

Кога во 2000 година стана шеф на државата, Путин организирал прослава во ресторанот „Подворје“ во близина на Санкт Петербург, а неколку години подоцна и свечен банкет на брод. Во следните години, Владимир Путин почнал многу почесто да го комбинира сопствениот роденден со работни настани, со два исклучоци во 2014 и 2019 година, кога отишол во тајгата да бере печурки и бобинки во друштво на министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Поранешниот претседател на Молдавија Игор Додон му подари неколку буриња вино, а Шинзо Абе саке. Кинескиот лидер Си Џинпинг му подарил торта на Путин и тогаш се родила традицијата на торти за родендените и за други важни настани меѓу овие две земји. Пред неколку години Силвио Берлускони му подарил прекривка на која биле насликани двајцата заедно.

Рускиот портал наведува и дека Путин за својот роденден често добивал животни, а сите биле соодветно згрижени. Кучињата се уште му се омилени, завршува рускиот портал.

 

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....