Себастијан Руљи, кој се прослави со улогата на Хектор во прочуената теленовела „Руби“ изгледа подобро од било кога!
Иако серијата беше емитувана пред 16 години, за аргентинскиот актер изгледа дека времето застанало.
Тој и понатака редовно ја посетува теретаната и изгледа одлично, а на друштвената мрежа Инстаграм од време на време објавува провокативни фотографии.
Сепак, најмногу внимание привлече кога се разголи со цел да ја подигне свестта за чувањето на животната средина. Тој позираше на плажа, без облека, адолниот дел од телото го скри позади пакување од крема кое го пронашол во песокот.
Тој на своите следбеници им порача да внимаваат каде го фрлаат ѓубрето и да се грижат за својата околина.