12.8 C
Скопје
13:45 - 18 декември, 2024

Како настанала Статуата на Давид, ремек-делото на Микеланџело

Микеланџело во 1504 година го завршил своето најпознато дело, „Статуата на Давид“. Ова ремек- дело, изработено од мермерна плоча од каменолом во Карара, на кое претходно веќе се работело, одново ја потврдува еминентноста на Микеланџело како вајар, неговата посебна техника и моќта на фантазијата.

Според една приказна, вајарот по име Симоне де Фјазоле тешко оштетил еден голем блок мермер кој станал неупотреблив. Многу скулптори доаѓале за да проценат дали може да се спаси и заминувале гневни или во солзи. Сè додека не дошол Микеланџело. Можеби анегдотава не е точна, но секако е интересна.

Микеланџело слушнал дека во дворот на некоја јавна зграда во Фиренца се наоѓал голем блок мермер, висок пет и пол метри, па еден ден отишол до градското собрание да се распраша. Таму еден службеник му кажал дека е ветен на младиот Јакоб Сансовин, друг пак му рекол дека е ветен на Леонардо Да Винчи, во секој случај на некого; всушност, зошто би му било тоа парче, кога и онака е безвредно.

 

„Зарем не ти кажале? Човекот по име Симоне де Фјазоле веќе почна да ја работи статуата пред многу години и почна со бушење на големи дупки точно во средината на блокот. Да е чиста дупката можеби нешто и би можело да се направи; но човекот го скршил половина камен напред и назад. Многумина скулптори доаѓаа да го видат и се враќаа или бесни или во солзи. А беше прекрасен блок, без мана. Фјазоле требаше да виси поради тоа”, му раскажал службеникот, но Микеланџело веќе ја знаел приказната и честопати се прашувал дали навистина блокот е толку неупотреблив како што се зборува.

„Можам ли сепак да отидам и да го видам?”, прашал и добил дозвола. Во дворот почнал да го обиколува блокот, да го загледува, да го мери и да размислува околу него, а во својата глава веќе обликувал повеќе камени како би го добил она што го посакува. „Сега гледаш и сам зошто сите ја отфрлија проклетијава”, додал службеникот, но Микеланџело не одговорил. Молчејќи си отишол, не кажувајќи ни збор, право во своето ателје, каде што почнал да изработува скица и мал восочен модел.

Кога бил сигурен дека од тој блок може да го направи она што го замислил, Микеланџело отишол кај гонфалониерот Пјер Содерини, кај првиот човек на Фиренца, да го замоли да се заложи за него, во што и успеал. Од блокот после две години настанал „Давид”, кој бил првобитната тема на Симоне Феручи, како што всушност се викал озборуваниот уметник, кој наводно го оштетил блокот (други извори го спомнуваат Агостин ди Дуче, се зборува дека тој почнал со обликувањето на нозете, стапалата..), а кој припаѓал на претходната генерација на фирентските скулптори, толку бил прецизен Микеланџело, толку било неговото дело на максимата на можностите колку што дозволувал блокот, така што трагите од Феручиевото длето според зборовите на Аскани Кондивије, и понатаму се наоѓаат на врвот на главата и основата.

За „Давид” се врзува и една интересна анегдота; кога скулптурата во 1504 година била завршена, авторот го поканил гонфалониерот да ја види, пред да се постави на Пјаца де ла Сињорија пред Палацо Векио, како симбол на правдата и слободата на славната Француска република. Но Содерини почнал да глуми познавач на уметноста, што веројатно не бил, па рекол: „Прекрасно е. Но знаеш што? Носот е предебел”. Микеланџело, секако, збеснал, но се воздржал, се наведнал, ги земал чеканчето и длетото, па се качил на скелето за последен пат да ја „доработи” својата скулптура.

Се слушнало како чеканчето удира во длетото, паднала прашина; на крајот скулпторот се свртел и го прашал Содерини:

– А сега?

– Сега е многу подобро – возвратил гонфалониерот – Сега навистина си му вдахнал живот. 

Содерини одглумил дека не забележал ништо? Никогаш нема да дознаеме. Не би го знаеле ни ова, ако Содерини во 1512 година, не паднал од власта (после едногодишно бегство во Орашец кај Дубровник, после изборите на папата Лав X отишол во Рим), и ако Медичи не се врателе во Фиренца, и ако Микеланџело не одлучил да проговори и да му раскаже сè на Џорџ Вазари и Кондивије.

Слични објави

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо
Се вчитува....