07:23 - 12 март, 2026

Како е можно нискиот Том Круз да има иста висина со високата Кејт Мидлтон? Откриена е тајната!

Таа е 5 сантиметри повисока од него, а со штилки достигна над 180 сантиметри. Но, Том Круз, кој е висок 173 сантиметри, сепак успеа да се „издигне во висина“ кога застана рамо до рамо со Кејт Мидлтон за време на премиерата на филмот „Top Gun: Maverick“ вчера во Лондон.

59-годишниот актер изгледаше само еден сантиметар понизок од војвотката од Кембриџ. Како го направи тоа? Со пар црни чевли засилени со значителна потпетица.

Кејт, која присуствуваше на настанот со принцот Вилијам, беше супер елегантна во црн фустан со „спуштени“ раменици кој носеше со шпицести црни високи потпетици.

Круз ѝ ја подаде раката додека одеа по скалите на црвениот тепих, а двајцата изгледаа речиси со иста висина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DM_Stil (@dm_stil)

Не е првпат да се забележи навидум променливата висина на Том дури и покрај неговите повисоки колеги, а тоа поттикна гласини дека носел чевли со повисоки потпетици и повисока платформа.

Иако никогаш не коментираше, Круз често беше сликан во висина на неговата поранешна сопруга Кејти Холмс, која со висина од 179 сантиметри  и со потпетици од најмалку 7 сантиметри требаше да го направи да изгледа мал по раст. Ама не беше така.

Гласините повторно се појавија кога тој го промовираше акциониот филм Knight And Day од 2010. На бројните промотивни настани тој одговараше со висината на неговата колешка Камерон Дијаз, која е висока на рамни чевли 179 см.

Но во друго е тајната на Том. Постојат спесијални чевли како поекстремна алтернатива, таканаречениот „подигнат чевел“ му овозможува на мажот да ја зголеми својата висина до 10 см.

Целосен сет на „лифт“ за чевли чини 50 до 100 фунти, (60-120 евра) , додека еден пар стандардни чевли со вграден „лифт“ чини 250 фунти (300 евра). Еден пар нарачани чевли со „лифт“ може да достигне цена од 1.700 фунти (2.000 евра).

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....