9.8 C
Скопје
20:17 - 19 април, 2024

Како да се разбере Евровизија и што да очекуваме од Андреа „со најубавата насмевка меѓу претставниците“

Најгледаниот неспортски настан во светот е состав од куп противречности. Се нарекува себеси аполитичен европски натпревар за песна, но не сите учесници се Европејци, па дури и неговата основа отсекогаш е политичка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

Сè е подготвено за да дознаеме која земја ќе го добие стаклениот микрофон, главниот трофеј  на Евровизија. Оваа година се одржува во Торино на 10, 12 и 14 мај по победата на Италијанците „Манескин“ во 2021 година. Настанот, следен од стотици милиони луѓе секоја година, е микс од мноштво противречности. Се нарекува себеси аполитичен европски натпревар за песна, но не сите нејзини земји-учеснички се во Европа и многу од она што се случува во него, почнувајќи од сопственото раѓање, е чиста геополитика.

Европски, но не баш

„Обединете ја Европа по Втората светска војна и направете го тоа со нешто универзално како музиката“. Тоа беше мисијата на фестивалот кога го одржа своето прво издание, во градот Лугано (Швајцарија) на 24 мај 1956 година. Настанот, на кој учествуваа само седум земји, беше и начин да се искористи тој изум наречен телевизија, да се создаде меѓународен настан кој би опфатил неколку пазари во исто време, преку различните јавни канали на континентот.

Но, не мора да си Европеец за да пееш на Евровизија. На пример, Канаѓанката Селин Дион победи во 1988 година, претставувајќи ја Швајцарија со песната Ne partez pas sans moi.

Всушност, не е неопходно да се биде дел од европската нација за да се учествува на Евровизија. Мароко учествуваше само еднаш во 1980 година. Други, како Израел и Ерменија, продолжуваат да гучествуваат. И, Австралија учествува, од натпреварот во 2015 година, поради гласното барање на огромниот број на еврофанови од земјата. Правилото утврдува дека државниот радиодифузер мора да биде дел од Европската радиодифузна унија, дури и ако не е во физичките европски граници.

На Балканот и во Скандинавија – културно забавен феномен

Евровизија е најгледаниот неспортски настан во светот. ЕБУ потврди дека изданието за 2021 година постигна глобална публика од 183 милиони гледачи, а во 2016 година нејзиното емитување надмина 200 милиони. Но не грижете се, не сме единствени љубители на Евровизија. И во скандинавските земји Евровизија е вистински културен феномен. Просечно 3,7 милиони шведски гледачи го следеле преносот во некои изданија, ова се импресивни бројки за земја со 10 милиони жители.

Познато ни е, македонска јавност има нагласен љубовен однос со Евровизија. По редот на нештата, настанот е промотивен и би требал да биде резервиран за промоција на млади пејачи, што не е случај со претставниците на нашата земја во последователен ред на изминатите години. Речиси секој македонски познат пејач во земјата не би одбил да учествува на Евровизија. Напротив. Годинава, со претставничката Андреа, за среќа, го прекршуваме „правилото“.

Инаку, во последниве неколку часа е објавено на официјалниот Инстаграм профил на Евровизија дека нашата претставничка Андреа има највозбудлива насмевка меѓу претставниците. 

И српската претставничка Констракта не беше толку позната на јавноста се до победата, а денес е веќе ѕвезда. Инаку и Србија, како и другите поранешно-југословенски земји, со исклучок на Словенија, негуваат топол однос кон овој натпревар, често проследен со контроверзи и скандали, препирања и трка меѓу лобијата на натпреварувачите на локалните избори за претставници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

Дека слична „крв“ имаат и Шпанците покажа годинашниот избор на преставник. Имено, изборот на претставничката Шанел беше толку контроверзен што стигна и до Конгресот на пратениците. За среќа гласините стивнаа со оглед на тоа што за прв пат по долго време Шпанија е меѓу фаворитите на обложувалниците.

Поп геополитика

Случајот со италијанските претставници пак, е спортивен на сите „правила“. Тие ќе настапат во Торино, иако веќе имаат големо влијание врз музичката индустрија, не само во Италија. Ним пак, навистина не им треба дополнителна промоција. Доволно се познати ширум светот. Италијанците „Манескин“ во последните 12 месеци прават песни кои се „вртат“ на топ листите во половина свет, вклучувајќи ги и комплицираните американски и британски пазари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

Обратно на „Манескин“, Евровизија придонесе за светска слава на Хулио Иглесијас, шведските група АББА и Селин Дион.

И покрај тоа колку кич, колку навредлив, колку несериозен може да биде овој музички натпревар кој се нарекува себеси аполитичен, она што се случува на неговата сцена во голема мера објаснува што се случува во Европа. Без да одиме понатаму, на обложувалниците оваа година фаворити се претставниците на Украина, оркестарот Калуш, со голема разлика во однос на второпласираниот. Од друга страна, организацијата ја исфрли Русија од натпреварот минатиот февруари.

Друг јасен пример за оваа поврзаност се резултатите кои во последните години ги доби Велика Британија, со децении една од големите музички сили на овој натпревар, со пет победи. Иако учеството на Англија на Евровизија долго време беше просечно, гласањето за Брегзит во 2016 година скапо ги чинеше претставниците на натпреварот – претпоследна класификација во 2018 година и последни класифицирани во изданијата во 2019 и 2021 година (во 2020 година немаше натпревар за прв пат во неговата историја поради коронавирусот). Во последните години, британските претставници стоички го трпат презирот на останатите учесници. Да потсетиме дека гласовите се составени од поени од жири составено од експерти од секоја земја учесничка и од гласовите на публиката од тие земји.

Да не зборуваме за годините кога Советскиот Сојуз не беше добредојден на натпреварот. Така, одлучија да создадат свој: Intervisión. А Владимир Путин пред неколку години фантазирал да го оживее.

Американска копија, а ќе има и азиска?

Колку и да е анахрон за добар дел од јавноста, очигледно дека фестивалот е во добра здравствена состојба. Неговата американска верзија штотуку беше објавена во Соединетите Држави. Американскиот натпревар за песна претпочиташе да се претстави како шоу за таленти, во стилот на „Операција триумф“. Осум недели се натпреваруваа 50 држави во земјата. Финалето ќе се емитува овој понеделник, на 9 мај. Фестивалот, многу поразличен од оригиналот, не беше многу успешен, со многу дискретни податоци за публиката на мрежата Ен Би Си. Но, новото издание за 2023 година сè уште не е исклучено. За догодина веќе се подготвува и канадска верзија, а се зборува и за азиско издание, иако сè уште не е реализирано.

Слични објави

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо
Се вчитува....